Докторот од ОРЛ, Марјан Маролов се огласи на социјалните мрежи и преку својот профил на фејсбукс подели убава вест:
Скоро 6 месеци од како го примивме првиот пациент во Цовид центарот на ОРЛ клиника. Стотици пациенти од тогаш поминаа низ нашите ходници, се бореа со оваа подла болест а и ние со нив.
Десетици дежурства, многу труд и мака, многу бо лка и грижа ја споделувавме сите ние со пациентите.
Памтиме среќни лица како се враќаат кај своите фамилии, засекогаш ќе ги памтиме и оние кои за жал не успејаа да се изборат и покрај целиот напор.
Дишеа пациентите на маска, воздивнувавме и ние позади маска. Добивме нови искуства и знаење за кое се надеваме никогаш повторно да не ни е потребно.
Беше чест да се биде дел од еден ваков тим на лекари, од кој секој поединчно го остави срцето за овој ковид центар.
Благодарност и до сите колеги од други оддели, пулмолози, лекари консултанти којшто помогнаа во нашата работа.
Денес е и светски ден на медицинските сестри, а медицината познава само тимска работа, тоа посебно се покажа во оваа пандемија, секоја чест на секој член од персоналот на нашата клиника.
Вчера го испративме последниот Ковид пациент од нашата клиника. Да се надеваме дека со намалуванјето на заразените сите колеги од останатите центри ќе се вратат на своите базични специјалности.
Оваа Ковид би тка заврши, но во јната за здравјето на нашите пациенти продолзува на секое поле.ОРЛ ЦОВИД ЦЕНТАР