Македонија со едно нешто може да се пофали дека е побогата од Германија и тоа за 15,4 пати

  • By admin
  • мај 4, 2021
  • 0
  • 1067 Views

Општо познато е дека Германија важи за една од најразвиените држави во светот со најсилна економија што ја прави мошне посакувана за живот и работа.

Голем број Македонци живеат и работат во Германија за која слободно може да се каже дека е „ветената држава“ за многу наши сограѓни.

Бројката од година во година на Македонци кои се селат во Германија се зголемува, а овој тренер е со тенденција да расте,

Подобриот стандард, повисоките плати и се друго ја прават Германија подобра во Македонија, но Македонија кога треба да се споредува со оваа држава има да се пофали со нешто дека е побогата.

Интересни податоци и факти секогаш пристигнуваат од Ботаничката градина во Скопје.

„Дали знаете дека територијата на нашата земја претставува „жешка точка“? На површина од 25713km2 се развиваат 3700 растителни видови од кои 117 се ендемични.

За да биде поилустративно ќе ви дадеме еден пример: Германија, која по површина е скоро 14 пати поголема од нас, има вкупно 3242 видови, а Англија која е 5 пати поголема има 2951 вид.

Доколку се направи пропорција на единица површина може да се заклучи дека македонската флора е за 6,3 пати побогата од англиската, а дури 15,4 пати побогата од германската.

Според овие податоци, можеме да заклучиме дека нашата природа изобилува со огромно богатство на растителен свет. Да бидеме свесни и да го сочуваме ова наше богатство. “

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *