Еден од најдобрите македонски актери, Сашко Коцев кој знае секогаш да ја насмее публиката, кога станува збор за неговите професионални ангажмани секогаш е подготвен да зборува.
Сашко Коцев нескромно може да се каже дека е омилениот македонски актер, па затоа кога му се случува нешто ново на приватен и професионален палн, тоа секогаш предизвикува внимание и рекации од јавноста, односно неговите бројни фанови.
Сашко Коцев неодамна ја доби наградата за најдобар актер на фестивалот за кратки филмови во Бејрут – „Beirut Shorts International Film Festival“.
Тој ја доби наградата по неговата улога во филмот „Налепница“:
Коцев во интервју за „Бекстејџ“ вели дека е доста самокритичен и дека за некои работи не очекува награди, па кога ќе ја добие е пријатно изненаден.
„Веднаш е чувство на една одговорност и пред публиката, екипата и пред колегите дека си добил толку и толку награди и тоа треба да го оправдаш“ вели актерот.
Коцев е актер со многубројни ангажмани, настрана тоа што игра во добар дел од репертоарот на матичниот Македонски народен театар, тој снима реклами, има стендап-настапи.
Периодов во нашата држава актуелна е темата на вакцинација против вирусот, а во свој стил Сашко Коцев кажа каква вакцина сака да прими.
„Ја сакам таа џинџер ваксајн да ја примам“