„Визер“ се шири – воведува уште 24 нови линии од кои што ќе може да се патува

  • By admin
  • април 23, 2021
  • 0
  • 1044 Views

Најголемиот авиопревозник во Македонија, нискобуџетната компанија „Визер“ планира да воведе 24 нови линии на пазарите во поранешна Југославија во наредните месеци и покрај очекувањата на авиокомпанијата дека постепеното закрепнување на сообраќајот ќе се случи дури на крајот на летото.

И покрај новите рути, „Визер“ продолжи да го одложува продолжувањето на голем број услуги од регионот и ги намали фреквенциите на постојните летови, бидејќи строгите ограничувања за патувањето продолжуваат да се применуваат.

Кон крајот на јуни, нискобуџетната авиокомпанија ќе отвори нова база во Сараево со воведување на девет нови линии. Понатаму, четири нови услуги ќе започнат од Белград, од кои едната е веќе пуштена во употреба, како и шест од Сплит и пет од Бања Лука, пренесе EX-YU Aviation.

Авиокомпанијата преговара со другите аеродроми во регионот за потенцијални нови летови. „Визер“ предвидува побарувачка за патувања низ Европа по „периодот на добар напредок во националните планови за вакцинација“.

Нејзиниот извршен директор Јозеф Варади останува уверен дека авиокомпанијата ќе се појави како долгорочен победник на пандемијата, додека другите се повлекуваат.

– Нашата агилност и немилосрдниот фокус на трошоците и парите се значителни конкурентски предности, рече Варади.

Сепак, тој истакна дека иако е уверен дека на крајот ќе дојде до закрепнување со оглед на итното барање, „дали ова ќе се случи во текот на летото, зимата или следната пролет, не знаеме“.

„Визер“ летово лансира повеќе од 120 нови рути низ својата мрежа.

– Нашата експанзија на мрежата и инвестициите во нашата флота во изминатите дванаесет месеци ни обезбедија добри позиции за да се вратиме во нормалното работење и убедени сме дека сега сме во уште подобра позиција да бидеме структурни победници во европскиот авијациски сектор, рече извршниот директор.

– Ние продолжуваме да имаме намера да бидеме агрес ивни во насочувањето на уделот на пазарот каде што се појавуваат можности и планираме да се држиме до сите наши основи, посочи тој.

Фото: ТАВ Скопје фејсбук

„Визер“ не планира да ги намали испораките од „Ербас“, а 27 нови авиони А320 се очекува да бидат испорачани во следните дванаесет месеци, иако постои флексибилност да се вратат постојните авиони на давателите на лизинг или да се договорат за условите со истекот на договорите.

Ликвидноста од 1,6 милијарди евра на „Визер“ треба да трае во следните три години со сегашните нивоа на горење на готовина, заклучи Варади.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.