(ФОТО) Марија бара помош: Ова 12 годишно девојче од скопско заслужува да има достоен живот

  • By admin
  • април 22, 2021
  • 0
  • 5933 Views

Секојдневно за жал сме сведоци на се повеќе барања и апели за помош на наши сограѓни преку социјалните мрежи.

Уште еден таков се појави денес и бројката навистина од ден на ден расте.

Овојпат П. Марија на својот личен профил сподели апел за семејство на кое таа веќе му помага, но побара поддршка:

АПЕЛ ЗА ПОМОШ: Драги пријатели, девојчето што е на сликата боледува од ту мор на малиот мозок и има само 12 години.

Девојчето заедно со семејството живеат во едно трошно куќиче во с.Трубарево кое едвај има покрив. Родителите не се вработени затоа што нашата држава ги смета за не способни.

Јас со моите родители им помагаме колку што сме во можност ама не е доволно за да живеат од ден за ден. Ќе ве замолам сите да го споделите овој пост за да можеме да допреме до институциите за помош и за лекување!!!!

НАПОМЕНА: ДЕВОЈЧЕТО ИМА САМО 12 ГОДИНИ И ЗАСЛУЖУВА ДА ИМА ДОСТОЕН ЖИВОТ!!! ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ И ЗА ПОМОШ МОЖЕ ДА МЕ КОНТАКТИРАТЕ!!!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.