Скопјанката Сузана: Добив термин, а ме вратија од пункт за вакцинација – нека чујат сите, не може вака

  • By admin
  • април 19, 2021
  • 0
  • 3672 Views

Општ впечаток е дека вакцинацијата во Македонија е добро организирана и добро тече, но очигледно се појавијавија и првите проблеми.

Добив термин за вакацинација – ама не ме вакцинираа зошто имало грешка, вака изјави 63 годишната Сузана Николовска која 20 години живее со хронична болест и е оперирана од ка нцер за Алфа раскажува за лошото искуство во вакциналниот пункт во А1 Арената Борис Трајковски.

Ни ја покажа и пораката од Мој Термин каде има термин за вакцинација во 11.40 часот. Кога стигнала волонтерите од Црвен Крст и рекле дека не може да биде вакцинирана со образложение дека ја нема во системот.

“Јас побарав да се видам со некој одговорен. И се појави Елица Стојановска од Министерството за здравство беше многу не љубезна и ми рече дека тој тел. број не бил мој.

Мој Термин пратил порака на тој број ама тој број не бил мој.Јас ја убедував и кажав дека јас ги плаќам сметките за овој број.Јас тој број го имам повеќе од 5 години. Она ме замоли да си одам па кога ќе дојдат 63 годишни на ред да дојдам и да се вакцинирам.

Јас бев многу револтирана, значи денот е лош и врнежлив јас дојдов со два автобуси и треба да се вратам со два.” – вели госпоѓа Сузана Николовска.

Упорноста на Николовска не завршува тука таа инсистирала да се најде некое решение.

“Јас не можев да се помирам со такво однесување и и реков најдете начин преземете нешто – нема начин ве нема во системот и толку.И јас викам не си одам додека не ме вакцинирате и таа ми рече седете и пет часа нема да ве вакцинираме.” – вели Николовска.

Приказната продолжува, Николовска се соочила со проблем и со полициски службеник каде била принудена да ја напушти просторијата.

“Нека чујат сите, не може вака.Службените лица беа страшно некултурни спрема мене ми кажаа дека докторите не се криви што настанала грешка и дека јас не смеам тука да седам и да излезам на дождот.

Јас ниту го рушам редот ниту сум опас на…ниту имам оруж је ниту ширам зар аза зошто не можам да седам тука? И тогаш ми побараа лична карта им ја покажав и пораката за да знаат зошто сум тука.Господинот полицаец ми рече дека не знае ни да ја прочита пораката може не знае ни латиница.” – вели Сузана Николовска.

Реакцијата на телевизија на Николовска сепак ги предомисли докторите од А1 Арената па и кажале дека во следните денови ќе биде повикана за вакцинација.

Целата сторија со видео прилог може да ја погледнете на Алфа ТВ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.