Др. Горан со порака до сите оние кои се вакцинираа за да не ја повториме грешката на Србите

  • By admin
  • март 28, 2021
  • 0
  • 1142 Views

Горан Кунгуловски кој е биолог со магистратура по молекуларна генетика и докторат по молекуларна епигенетика се огласи повторно на својот профил на фејсбук.

Што значи ефикасност на една вакцина? Ајде да земеме ефикасност против појава на симптоматска болест.

Имаме 10 000 вакцинирани и 10 000 невакцинирани луѓе. Ако 5 од вакцинираните развијат симптоматски COVID-19 и 100 од невакцинираните развијат симптоматски COVID-19 тоа значи дека вакцината има 95% ефикасност.

Ајде да земеме ефикасност против појава на см рт.Имаме 10 000 вакцинирани и 10 000 невакцинирани луѓе. Ако 0 од вакцинираните поч инат од COVID-19 и 100 од невакцинираните поч инат од COVID-19 тоа значи дека вакцината има 100% ефикасност.

Вакцините на Pfizer/BioNTech и Moderna имаат ~95% ефикасност против симптоматска болест, вакцините на Astra Zeneca и Јohnson&Johnsson имаат ~70% ефикасност против симптоматска болест после една доза.

Спутник В има најверојатно ~90% ефикасност против симптоматска болест, додека пак вакцината Синофарм има ~70% ефикасност против симптоматска болест. Ефикасностите се пресметани најмалку 3 недели до 8 недели после примање на првата доза.

Вакцините Pfizer/BioNTech, Moderna, AstraZeneca, Јohnson&Johnsson, Sputnik V и Sinopharm имаат 100% или блиску 100% ефикасност против см рт од COVID-19.

Затоа вакцинирајте се со првата вакцина што ќе стане достапна за да не умр ете. Вакцините почнуваат да делуваат најрано 3 недели после примање на првата доза и понатаму ефикасноста им се зголемува.

Да научиме од србите: не треба да се чувствуваме сигурно и одиме по кафани прв или втор ден после примање на вакцина. По кафани на отворено или домашни собиранки само после примање на предвидените дози од вакцините и само со вакцинирани или претходно заразени луѓе.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.