Јанко Јади бурек октрива: Газдите на телевизии каде работев криеја или уништуваа интервјуа

  • By admin
  • март 28, 2021
  • 0
  • 1305 Views

Познатиот актер, пејач и композитор Зафир Хаџиманов вчера на на 77-годишна возраст во Белград по компликации предизвикани од вирусот го напушти овој свет.

Хаџиманов е роден на 25 декември 1943 година во Кавадарци и живееше во Белград.Тој зад себе има оставено над 5.000 записи од македоснки изводни песни.

Зафир Хаџиманов дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Белград. Тој е автор на стихозбирките „Шансони на хартија“, „Азил“, „Народен пејач“, „Пес-Пејачка“ и „Брат“, објавени на македонски и на српски јазик.

Тој играше главни улоги во неколку филмови, како во „Македонска крвава свадба“, и е добитник на повеќе награди и признанија на фестивали за поезија и музика.

Голем број познаници и пријате емотивно се простуваатод Зафир преку социјалните мрежи.

Така беше случајот и со новинарот Јанко Илковски познат како Јанко Јади бурек кој на фејсбук сподели статус и откри една досега непозната работа за јавноста.

-Бог да ги прости Зафир Хаџиманов нека му е царството небесно.(ќе ми простите но морам да забележам дека имав особена чест да ми биде гостин пред 15 години.

За жал заради необјасниви причини некогашните газди на телевизии каде работев, интервјуто со него (како и со многу други) намерно се кријат или уништуваат или од икс причини се недостапни за широката јавност, јас немам пристап до истите ниту ги објавуваат).

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.