Аце до Градоначалникот на Штип: Ако ме вратиш да бидам пожарникар ќе работам бесплатно

  • By admin
  • март 26, 2021
  • 0
  • 977 Views

Александар Горгиевски од Штип кој е поранешен пожарникар, а сега во јавноста познат како хуманитарец преку својот профил на фејсбук повторно излезе со голем предлог во кој вели:

По порталите гледам многу абдали плукаат по мене, а не ме ни знаат, не ме ни познаваат. Демек имало дефицит од пожарникари у државата, а јас сум го избрал полесниот пат да се занимавам со хуманитарна организација.

Па вака, сега јавно да им одговорам на сите, за да им биде појасно малку и да не плукаат без веза дека сум јас некој си паразит што ќе се шлепа со хуманитарната организација.

Пожарникарската професија е моја прва и последна љубов. Таа професија ја носам во душата и ќе ја носам додека сум жив, тоа сум го докажал безброј пати додека бев пожарникар во тие 9 години.

На сегашниот министер, а поранешен градоначалник, Благојче Бочварски, му поднесов документи за враќање на работно место пожарникар, само што се вратив од Швајцарија и тоа јавно го објавив.

Знаев дека и за општината, и за граѓаните на самата општина на тоа работно место кое има дефицит од пожарникари ќе бидам од корист, бидејки имам 9 годишно работно искуство и ги имам сите можни сертификати.

Бчагојче Бочварски ги прими документите, кои уредно се заверени преку архивата во Општина Штип, ми кажа кога ќе се отвори можност ќе бидам информиран. Ниту некој од тогаш ме контактирал, ниту пак нешто превзел на таа тема, и не е моја вина… А сите знаеме дека моментално таму се потребни најмалку 5 пожарникари !

Свесен сум дека не сум миленик на оваа владеачка гарнитура и на оваа ненародна власт, но еве ќе се обратам јавно и до д-р Сашко Николов, за народ да не плука по мене, дека јас не сум сакал да работам тоа што ми е професија.

Господине Сашко Николов, Градоначалник на Општина Штип,

Еве јавно ви се обраќам, подготвен сум, додека вие сте власт во Република Македонија, доколку бидам вратен на моето старо работно место ПОЖАРНИКАР.

Ќе ја работам таа работа ХУМАНИТАРНО а мојата плата уплаќајте ја во ЦРВЕН-КРСТ нека се дели храна на сиромавиот Македонски Народ со тие пари!

Доволно е давачките кон државата да ми ги плаќате, а пак ќе кажам, целата плата пренасочувајте ја во ЦРВЕН-КРСТ. За ова сум подготвен и да дадам писмена изјава и кај нотар да биде заверено.

За да докажам на овие што плукаат а не ме ни познаваат дека јас не бегам од својата професија таа професија сум ја работел и ќе ја работам со срце и душа додека дишам.

Подготвен сум сѐ ова што сум пишал да го реализирам и уште утре да се ставам на располагање , а ти народе Македонски, мои сограѓани од Штип, сами проценете дали е ова принципиелна понуда, или не ! Александар Горгиевски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.