Медицинскиот техничар Денис Јанкуловски кој неуморно си ја врши својата работа со земање брисови за проверка на вирусот се огласи повторно на фејсбук каде што порача:
Ајде да пробаме да практикуваме една мантра: „Доста е. Многу се 3574 почи нати. Премногу се. Сите тие се наши, нечии родители, браќа и сестри, роднини, пријатели, кумови и сватови, другари, комшии.
Сите, вклучително и јас можеме многу да влијаеме да прекине броење на поч инати. Од моето однесување зависи моето но и нечие здравје.
Морам да почитувам мерки, морам да бидам совесен. Има време и за кафе и за забави и за дружби. Ако бидам одговорен се ова многу побрзо ќе дојде а што е уште побитно тоа ќе биде со сите оние кои ги сакам, кои ми се драги.
Морам да направам СЕ за да си ги зачувам сите до мене. Во ред, не верував дека е можно да дојде до ова но морам уште од сега убаво да ги протријам очите и да ја видам реалноста.
Не телевизиската, не интернетската. Да излезам на улица, да прошетам, да ги слушнам болните и ма чни приказни на соседите за загубата на нивните најблиски.
Да ја прифатам реалноста дека тоа нешто, не е битно кој како ќе го дефинира по потекло, род, вид, нација или како и да сака – е тука и присутно. И рапидно ни ги повредува душите со заминувањата на нашите.
Да. Доста е!!! Јас можам. За мене.Јас морам. За моите.Јас ЌЕ. За СИТЕ. ОМ!!!!“
Јас мислам дека не е тешка мантра нели. Нека биде барем еднаш дневно, па и двапати и трипати. Нека биде што почесто. Нека влезе во свеста и секојдневието како секое искажано „да“ во текот на денот, како секоја испиена чаша вода.
Навистина е доста. Чувајте се. Гуш и бац од Космонаутко