Визер е неприкосновен во Македонија, но патниците во една држава го прогласија за најлош

  • By admin
  • февруари 22, 2023
  • 0
  • 174 Views

Како што е познато половина од воздушниот авиосбраќај од и до Македонија го реализра нискобуџетната авиокомпанија Визер.

Иако не само во Македонија, туку и пошироко во Европа оваа компанија е една од најпосакуваните поради бројните дестинации и ефтини билети, има и такви кои не ја сакаат.

Таков е примеро со Британците кои ја прогласена за најлоша авиокомпанија за летови на кратки релации.

Патниците анкетирани од британската здружението за потрошувачи „Кое?” (Which?) му дадоа на превозникот една ѕвезда од пет можни, оценувајќи го нивниот престој во авионот, условите и удобноста на седиштето, јави ДПА.

Истражувањето на здружението за потрошувачи опфати 8.046 Британци испитани во октомври 2022 година за нивните искуства од патувањето со авион изминативе две години.

Не повеќе од две ѕвезди беа доделени во сите други категории, вклучувајќи ја односот квалитет-цена и чистотата.

Превозникот има летови на кратки релации од осум аеродроми во Велика Британија, вклучувајќи ги Бирмингем, Единбург, Гетвик и Лутон.

Вкупниот рејтинг на авиокомпанијата „Визер“ меѓу корисниците е 48 отсто, со што таа е на дното на ранг-листата, зад „Рајанер“ (52 отсто), „Еуровингс“ (53 отсто) и „Бритиш ервејс“ (56 отсто).

Британската управа за цивилно воздухопловство во декември соопшти дека има „значителна загриженост“ за „неприфатливото“ однесување на „Визер“, бидејќи нивни патници сѐ почесто се жалат од корисниците на другите авиопревозници.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.