Фросина Мерџановска детството го минала во Автокоманда, во бараките на Македонски фолклор каде работел некогаш нејзниот татко.
Поради слабата моторика нејзината мајка ја запишува во специјално училиште, а услови за да заврши средно образование немала.
Можеби, тоа е и првиот уд ар врз среќната иднина на оваа несреќна мајка. А потоа и раното влегување во светот на возрасните и станувањето мајка на 15 години ќе ја запечатат среќата во нејзиниот живот.
Условите во кој живее се миз ерни, во барака која пропушта од секаде, во голема темнина растат четири деца, исто детство имала и таа во тој дом.
Нема ден децата да не бидат гладни, сиромаштијата ги натерала спасот да го бараат по контејнери. Немаат основни услови за живот.
Кога се бо лни немаат пари за лекови, туку грлото го загреваат со топол чај со шеќер, секако доколку мајка им има да свари.
Оваа храбра мајка има примања од 6.000 денари, пари со кој не може ниту да ги исплати долговите кој ги има земано за опстанок а камоли нешто повеќе.
– Овие бараки ќе се бутаат, па така и нашата, не чекаат ние да се иселиме но ние нема каде да одиме, ќе останеме на улица, вели Фросина пред камерите на ,,Срце на дланка”
– Имавме низа несогласувања со сопругот, морав да дојдам тука, се вратив еднаш но ситуацијата повторно беше иста, додава оваа мајка на четири деца.
– Првата ќерка која сега е омажена, не ми даваа да ја видам, ми ја зема сопругот и свекрвата тие моменти беа многу тешки, вели во солзи Мерџановска.
– Судбината ми е многу горка, како што живеев јас во моето детство така сега и моите деца. Пред една недела овој свет го напушти и мојот татко кој беше залегнат во постела.
– Децата ми бараат јадење, но немам секогаш да им дадам, гладуваме често. Не можат да издржат децата, одат и бараат по контејнерите.
– Принудени сме да јадеме храна со поминат рок, само за да преживееме, понекогаш пак одиме од една пекара овде и земаме таму бајат леб.
– Најтешко ми е кога ги гледам децата како бркаат во контејнери но друго решение немам, и се молам само да се живи и здрави.
– Немаме услови ниту да ги бањам децата, многу е тешко па затоа децата се капат еднаш до два пати годишно, особено зимо, тогаш ќе се разбо лат.
– Мајка ми никогаш не ни купила облека од дуќан, сето ова што го носиме е донација од другарчињата, вели малата Ивона.
Доколку сакате да му помогнете на ова семејство на било каков начин тоа може да го сторите на телефонскиот број 076 751 714 или на трансакциската сметка 300007057294109 Фросина Мерџановска