ФОТО: Фризерот Дени бесплатно го потстрижи бездомникот, трансформацијата неверојатна

  • By klaster2
  • декември 22, 2022
  • 0
  • 207 Views

Социјалните мрежи беа преплавени со видео на кое се гледа трансформацијата на бездомник кој долго време не се капел.

Со прилично занемарен изглед, со несредена коса и брада, човекот ја прифатил понудата на Дени Сантијаго, фризер кој сакал да го промени изгледот.

Фризер сретнал бездомник на улица и решил да му ја понуди неговата услуга за да се чувствува подобро и да изгледа подобро.

Трансформацијата ги изненади корисниците на социјалните мрежи и судејќи по коментарите, сите се согласуваат во едно, а тоа е дека сега изгледа 20 години помладо!

– Секој заслужува да се чувствува добро и задоволен со себе – напиша фризерот на својот профил на Тикток во видеото на кое се гледа како бездомник седи на стол.

– Ова е нешто минимално што можам да му го понудам, да се почуствува како достоен човек и да се почуствува сакано, додава тој.

Дени реши да ја скрати огромната брада и коса на бездомникот, а конечниот резултат е за пофалба и ги остави со подотворени усти сите.

Во друго видео тој покажа како изгледа маж без брада и со уредна фризура. Она што е интересно е дека бездомникот избрал што сака, а фризерот истакнува дека неговото правило е „да им го даде на муштериите тоа што го побарале“.

Коментарите беа неизбежни. „Човеку, колку е убав сега!“, „Не ми се верува дека изгледа буквално 20 години помладо и понежно“,

„Каква разлика прави фризурата и брадата, тоа е нереално“, „Ти благодарам за гестот, ова е прекрасно“ , „Сега изгледа како кул лик од игра“, се вели во низата коментарите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.