Др. Жаклина Шопова јавни ги повика професори по инфектологија да се охрабрат и излезат во јавноста

  • By admin
  • март 23, 2021
  • 0
  • 1708 Views

Поради потребата за болничко место во Скопје во функција се става и капацитетот на Кардиологија со 50 кревети, а од вчера само возрасни пациенти хоспитализираат во детската болница во Козле.

Имунологија на Клиниката за детски болести е со деца заразени со Ковид и во оваа установа има 27 такви пациенти. Ако продолжи овој тренд ковид центар ќе стане и Институтот за рехабилитација. Колку кадровски и стручно ќе се справат

Бројките од ден на ден се повеќе се зголемуваат, а во исто време од најавените вакцини се уште нема ништо.

Докторката инфектолог Жаклина Шопова од Клиниката за инфективна болести преку својот профил на фејсбук се огласи и напиша:

Измина цела година од КОВИД пандемијата, и до ден денешен, ниеден редовен, вонреден или пензиониран професор, од Катедрата по инфектологија, која е лоцирана на Клиника за инфективни болести и заради која клиниката е Универзитетска, не “успеа” да се пронајде себеси во оваа вирусна болест.

И да излезе во јавноста со свои коментари. И не само за болеста, можеше многу да се коментира, дебатира за многу нешта. Еве на пример за ивермектинот.

Јас од моите учители по инфектологија не слушнав ништо, за оправданото рекламирање на овој антипаразитарен лек од нивниот колега проф.Д.Докиќ.

Ниту пак нивен коментар упатен до проф. Д.Докиќ, до Лекарската Комора која исто така го промовираше протоколот во кој ивермектинот може да го употребуваат матичните лекари и превентивно и терапевтски.

Јавно ќе ги повикам и охрабрам моите професори по инфектологија, кои се професори и на сите оние млади идни колеги кои треба да не лекуваат во иднина и мене, и нив, да се охрабрат и излезат во јавноста.

Впрочем затоа постојат и се разликуваат од сите останати лекари специјалисти по инфектологија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.