Тони Михајловски се закити со вредна награда – го уважија неговиот посебен придонес за развој на градот Скопје

  • By klaster3
  • ноември 14, 2022
  • 0
  • 489 Views

Тони Михајловски Шанац е човек со низа професии. Истакнат македонски театарски, филмски и телевизиски глумец, водител на радио и телевизија и стоечки комичар, а едно време и мошне активен во политиката.

Михајловски е роден во Куманово на 1 јули 1967 година. Тој по завршувањето на Факултет за драмски уметности во Скопје, станува член на Драмата при Македонскиот народен театар во 1994 година.

Во 2010 тој станал добитник на наградата за најдобар глумец на петтиот меѓународен театарски фестивал „ЈоакимИнтерФест“ во Крагуевац, Србија.

Јавноста го памети по неговите славни улоги во филмовите Буре Барут, Панкот не е мр тов, Трето полувреме, До Балчак, а игра и во хит серијата Сенки над Балканот.

Како и за многумина познати личности, така јавноста и публикаа сака да дознае нешто плус за приватниот живот на популарниот Шанац, а тој нема проблем за тоа да говори.

Актерот од 2011 година е во брак со Александра Јорева Михајловски. После две години врска тие ја крунисаа својата љубов.

Александра и Тони се венчаа во црквата “Св. Димитрија”, а потоа свадбената прослава ја направија во ресторанот “Тга за југ” во Старата Чаршија. Актерот е 13 години постар од својата сопруга.

Популарниот Шанац и покрај своите работни и професионални обврски сепак наоѓа време и за социјалните мрежи каде што е доста активен.

За потсетување минатата година тој имаше обид да стане и градоначалник на родно Куманово преку ВМРО ДПМНЕ, но не успеа. Од тогаш некако како да се повлече од политичката сцена и воопшто од очите на јавноста.

Михајловски почесно доби уште една награда – наградата „13 Ноември“ од страна на Град Скопје за особена заслуга и остварување во областа на уметноста. По тој повод неговата сопруга Александра сподели на социјалните мрежи:

На овој значаен историски датум и настан од нашата историја – 13 Ноември.Добитник на Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје, за 2022 година.

Од областа на уметноста 1. Тони Михајловски-за повеќегодишни достигнувања како театарски и филмски актер.

Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје се доделува како знак на признание од Градот Скопје за остварувања во повеќе области, кои се од посебен придонес за развој на градот Скопје и за негова афирмација во Република Македонија и во светот.

Наградата се доделува и на ученици и студенти за творечки труд или континуирани успешни постигнувања во наставните и во воннаставните активности што претставуваат посебен придонес за афирмација на градот Скопје.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.