Ивона Талевска по подолг период се појави во јавноста: Најави и дополнителна помош

  • By admin
  • март 23, 2021
  • 0
  • 1260 Views

Вакцините против вирусот станаа секојдневна тема во македонската јавност, а никако да пристигнат поголеми количини за масовна вакцинација.

Многумина ги очекуваат со нетрпение, од властите секојдневно слушаме најави дека се преговара, чекаме пристигање, но никако да се случи тоа.

Дел од Македонците кои што имат пасоши на Србија или Бугарија веќе започнаа вакцината да ја примат кај нашите соседи.

Откако Србија ни донираше вакцини од Фајзер за медицинските работници, сега истото го стори и за новинарите.

По неколкуте илјади здравствени работници, списокот на вакцинирани граѓани во земјава од денеска е подолг за стотина медиумски работници.

Тие позитивно одговорија на поканата на Македонската асоцијација на новинари, кои во соработка со Здружението на новинари на Србија обезбедија денеска поголема група новинари да се вакцинираат во Врање.

„Сто (100) медиумски работници доброволно се пријавија на повикот на МАН да се заштитат со вакцинација против вирусот Ковид-19 и сите пријавени добија повратни емаил потврди дека се регистрирани за вакцинација.

Деталите за организираниот автобуски превоз (време и место на поаѓање и враќање од Скопје до Врање и назад) официјално ќе ги доставиме утре претпладне. На барање на МАН, Здружението на новинари на Србија преку кабинетот на Претседателот на Србија Александар Вучиќ, одобрена ни е вакцинација и ревакцинација за 100 лица“, изјавија од МАН.

Актуелен претседател на МАН е Ивона Талевска која сите добро ја знаеме од Сител ТВ каде што долги години работеше, но во последен период ја снема од тв екраните.

Многумина се прашуваа каде и и што работи Ивона, а таа по подолг период денес се појави во јавноста пред тв камерите со убава причина.

„Македонската асоцијација на новинари која постои 20 години со молба се обрати до Здружението на новинари на Србија кое што во најкус можен рок воспостави комуникација со кабиненто на Вучиќ. Ни беа одобрени околу стотина дози, луѓето денес дојдоа и ја примија. Заедно со колегата Радомировиќ сме во преговори да обезбедеме дополнителни дози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.