ФОТО: Иван на својот 84 роденден добил писмо во шише кое го оставило без зборови

  • By klaster2
  • ноември 10, 2022
  • 0
  • 246 Views

Порака во шише што пловелo во Јадранското Море цели дванаесет години стигнала до испраќачот. Најстариот рибар на Неретва многу одамна испуштил шише во морето со порака во која се сеќава на својот пријател кој го загубил животот, а истата порака му се вратила, благодарение на пронаоѓачот после долго време.

Токму Иван Буриќ го носи прекарот за најстариот рибар во Комин и околијата, и токму за неговиот 84 родеден добил необичен подарок.

– Шишето беше пронајдено на мојот роденден. Тоа е некоја поголема сила си велам. Таква коинциденција не е возможна, додава тој за ХРТ

Тој се присетува на причината зошто шишето завршило во морето. Пред 12 години се случила не среќа во водите на на Неретва.

Татко и син од Комин исчезнале во морето додека ловеле риба. По неколку месеци потрага пронајдено е синот но не и таткото.

– Тој беше сестран човек. Се што требаше да се направи во селото, што беше негова задача, тој тоа го правеше и помагаше – додава Буриќ.

Истата година, рибарите од околијата направиле подвиг – тие веслале преку Јадранското Море со чамец од Метковиќ до Молизе во Италија. Во таа трка Буриќ му оддаде почит на својот пријател, чиј татко до ден денес не е пронајден.

– Помислив и покрај венецот да фрлам шише со порака за по којникот – додава Буриќ па по дванаесет години патување, шишето застанало кај заливот Корчула. А го пронашол Јосип Цетиниќ.

– Шишето имаше тапа и тоа малку ме заинтригира, па го зедов – истакнува тој. Поради некоја причина не го отворил веднаш.

Тоа го направил само неколку години подоцна, бидејќи, како што вели, нешто го поттикнало да ја отвори, да ја прочита пораката и да ја пронајде личноста што ја испратила.

– Да дознае подоцна од човекот дека тој ден му е роденден и полни 84 години.Еве, како што ме прашувате, веќе имам солза во очите – додава Цетиниќ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.