На прва куќата на семејството Томашевиќ од Младеновац не се разликува премногу од останатите во соседството. Но, штом им се отвори вратата од домот, јасно е дека мајката Максимија (73) и синовите Дарко (46) и Дејан (52) живеат во многу тешки услови.
Освен тоа, Дејан и неговата мајка имаат голем број здравствени проблеми кои бараат интензивна терапија и лекови кои едвај ги покриваат месечните примања на семејството.
Животот на Дејан целосно се променил кога бил испратен да ја брани татковината, каде што се здобил со доживотни пос ледици.
Како што наведува за порталот Телеграф.рс, се би било многу полесно доколку неговата мајка не била бо лна и едвај подвижна. Единствено вработено лице во семејството е неговиот брат Дарко, кој носи најмногу приходи во семејниот дом.
Дејан ја започнува својата приказна потсетувајќи се на своето детство, за жал, ситуацијата и тогаш не била многу подобра. Се сеќава на сиромаштијата, дури и на гладот.
– Од мали нозе врзувавме крај со крај, секогаш беше тешко. Таткото беше наси лен кон нас и кон мајката, а кога замина тој на другиот свет таа остана сама со нас.
За да го направат домот малку потопол и поудобен, Томашевиќ со помош на соседите успеале да ги корегираат влажните ѕидови, но најмногу им недостасува бања. Ова семејство зима и лето се капе во полскиот тоалет истурајќи вода од бунарот.
– Станувам сабајле, палам о ган. Прво и основно се грижам мајка ми да ја испие својата терапија и да појадува. Ги мијам садовите, подготвувам ручек, бидејќи таа не може. Понекогаш ми помага и брат ми ако е слободен, но најчесто е на работа.
– Немаме бања, лете се капеме во полски тоалет со загревање на водата и потоа се полеваме, а во зима ставаме на шпорет во импровизираната летна кујна и така функционираме. Ваква е ситуацијата од кога се сеќавам на самиот себе. Кога бев мал, имавме корито, па се капевме во него – опишува Дејан.
– Имаме струја, редовно ги плаќаме сметките, не сме големи потрошувачи, тоа никогаш не ни било проблем. Се греевме на струја, но тоа е многу скапо, па се префрливме на дрва.
-Пијам некаде околу 6 редовни таблети плус дополнителни за спиење бидејќи и јас имам проблеми, а мајка ми пие и повеќе од мене. Само за лекови ни требаат некаде околу 7-8 илјади динари месечно.
Мајката Максимија пак целиот живот им го посвети на синовите, а Дејан смета дека сега е време да добие барем дел од заслуженото. Според нашиот соговорник, негова единствена желба е мајка му да има барем малку утеха во старите времиња.
– Најмногу би сакал да имам вода и бања. За да може мајка ми сама да оди во тоалет да не мора да се ма чи и да шета во зима и снег, вели тој.
Ова семејство не бара многу, навикнати на тежок живот уште од мали нозе, велат дека им недостасува само она што секој човек го заслужува – да се капат со топла вода.