(ФОТО) Јанко Јади Бурек се пофали со џиновска торта од над 10 килограми – со убава причина

  • By admin
  • март 22, 2021
  • 0
  • 1742 Views

Без сомнение Јанко Илковски кој јавноста го препознава како Јанко Јади Бурек е еден од најпознатите македонски ТВ и радио водител.

Јанко Илковски кој е роден 1962 година во Скопје, каде завршил основно и средно образование, по што се запишува на студии на Белградскиот Универзитет.

По враќањето од Белград и по промена на повеќе работни места, меѓу кои е и преведувач во МРТВ и на фестивалот „Браќа Манаки“, Илковски влегува во медиумските води во 2001 година, најпрво како водител на ноќна програма на А1 телевизија, каде подоцна работи во рамките на спортската програма.

Меѓу другите негови настапи како радио или ТВ водител се: новинар на радио Канал 103, водител на емисијата „Пладневен гневник“ на Радио Рос, водител на емисијата „Гутенбергова галаксија“ на ТВ 4, како и водител и музички уредник во радијата: Клуб ФМ, Топ ФМ и Радио Слободна Македонија.

Контактната ТВ емисија насловена како „Јади бурек“, Јанко Илковски ја работи повеќе од десет години. Емисијата со тоа име, водителот Јанко Илковски ја работел на телевизиите: ТВ Скај, Наша ТВ, и ТВ Сител 3 и ТВ Сонце.

Јанко Илковски работел и во печатените медиуми, меѓу кои пишувал текстови за: Вечерен дневен весник, Премин,Вечер Време и неделникот Фокус.

Јанко Илковски, познатиот „ток шоу“ ТВ водител нема кој не го знае. Едни го обожаваат, други „очи неќат да му видат“, ама сепак сите го гледаат него и неговото шоу „Јади бурек“ со години. Кој со интерес, кој од интерес, кој од страв да не го спомне и стави на тапет.

Илковски е доста активен и на социјалните мрежи каде што секојдневно споделува информации со своите фанови и пријатели.

Така беше и овојпат кога сподели фотографија од торта на која доминира жолтата боја и на која пишва „20 Јади Бурек“. Во коментар објасни дека истата тежи над 10 килограми.

Причината за оваа торта е тоа што денес Јанко слави 20 години од почетокот на својата професионална кариера.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.