Мачката Добрила е вистински херој, спаси 30 човечки животи – газдата Иван откри што се случило

  • By admin
  • март 22, 2021
  • 0
  • 2279 Views

Познато е дека кучето е најверен пријател на човекот, но овојпат во мошне необична приказна херој е мачката Добрила. Оваа необична мачка почувствувала пожар во зградата, го разбудила сопственикот и така ги спасила сите станари.

Таа ноќ, додека дел од зградата гореше, сите спиеја. Само Добрила почувствува дека нешто не е во ред.

“Таа скокна и застана на моите гради,стисна заби и почна да ‘ржи под мојот врат. Никогаш не сум ја чул како го прави тоа. Како мало куче, буквално.

Јас ја гледам во полутемната просторија и не ми е јасно што се случува, таа скокна од мене и отиде кон вратата. Јас по нејзе и кога ја отворив вратата има што да видам.

Првото нешто што ми падна на ум беше „Отиде зградата“. Така, инстинктивно се втурнав кон влезната врата, низ тој чад, без маска, ја отворив вратата за чадот да излезе.

Се спуштив до подрумот, отворив уште две врати за да има малку провев. Не знам како под тој чад отидов до таму, но бев под адреналин. “- раскажува Иван Јанковиќ, сопственик на Добрила.

Со брзата реакција на пожарникарите, била избегната поголема штета, а Добрила со овој гест му се оддолжи на сопственикот кој ја спасил од улицата една вечер.

„Јас ја спасив една вечер и дефинитивно и го продолжив животот, а сега по пет години, таа доби шанса да ми се оддолжи, да ме спаси мене и уште 30 луѓе,целата зграда“.

Трошните осигурувачи на зградата стара скоро 100 години доведоа до пожар, а една мачка служеше како замена за алармот за пожар на станарите, пренесува српски Курир.рс.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.