Денеска е прекрасен ден за сите носталгичари и љубители на популарното „Фиќо“

  • By admin
  • октомври 18, 2022
  • 0
  • 258 Views

Најпопуларниот автомобил на некогашнa Југославија, Застава 750 или познатото Фиќо денеска го „слави“ својот 67 роденден.

Дедото меѓу автомобилите или како што звучи подобро „олдтајмер“ почна да се произведува во фабриката во Крагуевац на 18 октомври 1955 година.

Фабриката произведе 923.487 примероци пред последниот да ја напушти фабриката во 1985 година.

Првиото Фиќо го придвижуваше мотор од само 23 коњски сили, додека последната произведена верзија имаше 27 „коњи“.

Југословените толку многу го сакаа тој мал автомобил што добро се продаваше дури и кога на пазарот пристигнаа многу помодерни и подобри автомобили.

За 30 години колку што се произведуваше, Фиќо беше се што му требаше на просечниот човек.

Беше доволно мала за да биде достапна за сите, доволно голема за да го однесе целото семејство на плажа и да ја пренесе машината за перење од Стоковната куќа, доволно издржлива за сите членови на семејството да ја возат.

И ден денес, во општеството се слави Фиќо, неколку пати во годината, кога вљубениците во оваа временска кола се собираат на настани ширум некогашниот југ.

Последниот таков се одржа во Србија на 2 октомври во Злакуса под името „Фичом кроз село 2022“.

Овој автомобил иако во се помал број сѐ уште се вози низ просторите на поранешна Југославија, па така можеме неретко да ги видиме и низ улиците на Македонија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.