Реакциите за сторијата на новинарот Фуркан Салиу поврзана со директорката на детската болница Аспасија Софијанова не запираат.
Мислењата се поделени, на оние кои овој прилог го прифаќаат на одобренеие и му даваат поддршка за сработеното на Фуркан, но има и спротивни.
Они кои мислат дека ова нема никаква смисла и дека е по нарачка, поточно со некоја задна цел.
И по неколку дена од споменатиот објавен прилог како што рековме реакциите не стивнуваат, а има и такви од самата фела, поточно од новинари, колеги.
Познатата ТВ-презентерка Гордана Ѓорчева која ја препознаваме најмногу од вестите на МТВ реши да даде свое видување во вид на коментар.
Сигурна сум дека ова има некоја позадина, нарачка е 100 %. А тој мочкото што никој не го познава ова нема да го вивне во облаци.
Голема грешка на докторката е што е премногу отворена за секој таканаречен новинар и што си дозволува воопшто да води таков разговор. Јас би го измарширала за две секуди.
На ова Фуркан Салиу не издржа и реши да и возврати во свој стил и притоа на сопствениот фејсбук профил напиша:
Гордано мори, работиш во национален сервис. Институција која што не би требало да има место за луѓе како вас.
Со ваков речник, не е ни чудно што со години си презентер во МТВ а јас те знам само од митинзи спонзорирани од политички партии.Ме нарекуваш мочко.
Мораш да си експерт за мочковци затоа што со години ја мочаш професијата која би требало да ти биде чест да ја извршуваш.
Поради таквите како тебе Гордана денеска на факултетот за новинарство се запишуваат по 4,5 студенти.