Сузана од Штип низ солзи: За леб имаме само ако најдеме некоја корка по контејнерите – да не е комшијата ќе нема и каде да спиеме

  • By admin
  • октомври 12, 2022
  • 0
  • 430 Views

Фрижидерот празен, корка леб Сузана Малинковска од Штип заедно со незјиниот бо лен син бараат по контејнерите и милост од соседите.

Со солзи во очите пред камерите на М-Нет телевизија раскажува за голг отата во која живее со години.

Нејзиниот маж поч инал, а заради бол еста на нејзиниот син веќе неколку години е без работа. Живеат од пензија која половина ја трошат за лекови.

„Живеам со бо лно дете, сопругот почина. Поднесев документи пред шест години за стан, нема ништо од тоа. Сега еден комшија не зема да спиеме кај него, но детето се сраме па оди кај другари.

Тука ние сме за никаде, бедно како да кажам. 5000 денари давам за лекови, со 5000 денари живееме. Фрижидерот е празен, некој пат ни дадат лепче, собираме по канти.

Се срамувам сеа што ќе ме има на телевизија, но тоа е. Работев, но поради синот оставив. Шест години сум без работа. – вели Сузана.

А условите во кои живеат како што вели Сузана се повеќе од ми зерни. Немаат соодветни толаети, ниту бањи, едвај наоѓаат место за да ја поминат ноќта со покрив над глава. И покрај тоа што поднеле за стан, сѐ уште немаат добиено.

“Никакви се условите, ни можеш да се избањаш, ни можеш во тоалет да отидеш. Со син ми заедно поднесовме за стан пред шест години ама ништо нема. Син ми е 35 години, а затоа што е бо лен не може да работи ни тој.“ – додава Сузана.

Сузана бара од надлежните институции кров над глава за неа и незјиниот болен син, за да може да живеат во нормални услови. Од хуманите граѓани, како што вели таа оние кои се во можност да помогнат бара само храна и средства за хигиена, бидејќи парите од скромната пензија завршуваат за лекови.

Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на МНет телевизија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.