Елена Велевска откри какви мажи сака: Сите се различни, треба само да најдеш сродна душа

  • By klaster3
  • октомври 12, 2022
  • 0
  • 411 Views

Елена Велевска е добро познато име и презиме на македонската сцена и важи за една од најдобрите, најпопуларните и секако најбараните фолк поп пејачки во Македонија, но и во дијаспората.

За Велевска е познато дека што и да облече го носи со стил, па за неа важи дека е една од дамите на домашната сцена која што секогаш внимава на својот изглед и имиџ.

Променета во брендирани парчиња, секогаш со средена коса, шминка соодветна на приликата во која се наоѓа и со сетоа го привлекува вниманието на јавноста.

По десет години брак, Елена се разведе од бизнисменот Марјан Мирчески со кого има три деца, ќерките Софија и Калија и синот Марко.

Познатата пејачка го запознала екс – сопругот на една од нејзините турнеји во Австралија во 2002 година. Во една прилика откри дека ѝ се случила љубов на прв поглед.

Но, иако сите мислеа дека пејачката го живее својот идиличен брак, и на нивната љубовна врска и дојде крај, но сепак Велевска остана горда мајка на нејзините деца.

– Да се биде мајка е едно од најубавите чувства за било која жена, тоа е едно големо признание и најголем епитет. Кога се станува мајка тоа значи дека не ти е тешко ништо да направиш за детето, тоа значи дека вложуваш во себе и во својата иднина.

Апелирам до младите да не остануваат без деца, затоа што се е минливо, и младоста и кариерата – изјави Велевска во едно интервју.

Елена Велевска беше гостинка во новата сезона на „Нешто конкретно“ со Снеже Велков каде тема на разговор беше каков треба да е идеалниот партнер и дали сите мажи се исти, па Велевска спомна и што би сакала да поседува нејзиниот партнер.

„Сите се различни, треба само да најдеш сродна душа и она што тебе те исполнува кај мажите. Пример јас многу сакам оригинални мажи коишто не се лицемерни, коишто освојуваат со бонтон, со култура, коишто знаат да почитуваат жена како што заслужува.

Мене ми е многу битно да биде добар домаќин со оглед на возраста којашто ја поседувам, да биде верен и да биде и културен да сака и деца.

Јас секогаш сум сакала нешто што зрачи опас ност, јас зрачам со опа сност и ме привлекуваат такви типови. Среќната и задоволна жена секогаш блеска а најголемата инспирација за домот да биде чист е да си среќен и задоволен за да чистиш“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.