Стефан и Снежана веднаш по завршувањето на Медицинскиот факултет ги грабнаа дипломите и заминаа во Германија

  • By klaster3
  • октомври 10, 2022
  • 0
  • 375 Views

Непочитувањето на професијата и знаењето е популарно во здравствените институции во регионов и тоа е она што ги тера младите лекари преку граница.

Откако дипломираше со оценка 9,3 и му понудиле работа во приватна клиника, без можност за специјализација и незаконски да зема половина од платата д-р Стефан Анѓелковиќ (27),со неговата свршеница, исто така докторка, Снежана Милошевиќ ( 29) заминаа во Германија.

„Не е лесно да се оди во Германија, но дадовме се од себе, бидејќи немаше начин да го потрошиме сето она што го научивме во Србија, каде односот кон нашата професија е катас трофален.

Бирократскиот пат за доаѓање во Германија е комплициран, бидејќи за да го добиеш статусот за кој можеш да аплицираш како лекар, треба да земеш многу трудови и да завршиш дополнителни испити, за да си добиеш лиценца за работа.

Две години учевме германски. Бев петта година на студии кога почнав да студирам, а штом ја завршив праксата, во март 2021 година, го положив државниот испит.

Веднаш потоа го положив и германскиот тест на Гете институтот, кој беше само првата врата за влез во Германија“, вели младиот доктор Анѓелковиќ, еден од најдобрите студенти по медицина на неговата генерација.

„Беше 2021 година и пандем ијата ни сопре и искомплицира сè. Не беше лесно да се најде болница која ќе не вработи. Пред да заминеме, испративме десетици апликации до различни агенции, кои често се несигурни.

На крајот сами најдовме болница во едно гратче во близина на Дортмунд. Но, Србија не е во ЕУ, па ние имаме право да останеме првпат само три месеци според Шенген, а потоа треба да се вратиме во нашата земја до истекот на рокот од 90 дена.

Заминавме во ноември минатата година, а во Србија се вративме на први февруари годинава. Кога истече задолжителниот рок од три месеци, во јуни повторно заминавме во Германија, кога конечно почнавме да работиме“, објаснува Стефан како бил патот до првото работно место во Германија.

„Живеев во Крушевац, а таму како најдобар матурант од мојата генерација ме повикаа да работам во приватна поликлиника. Јас одговорив, иако мојата примарна цел сепак беше Германија.

Меѓутоа, ми дадоа понуда која беше толку навредлива што не најдов сила ни да коментирам. Требаше да работам 40 часа неделно како општ лекар без можност за специјализација, на минимална плата, со тоа што на сметката ќе добивам 24.000 динари, плус уште 8.000 на рака.

Таа понуда беше само дополнителен гас за да се продолжи кон Германија“, вели младиот лекар чија почетна плата сега е над 3.000 евра и целата сума е на сметка.

„Овде, во интерес на директорот е да научиме што повеќе бидејќи така ќе има помалку работа. Веќе научивме многу и добро сме платени за тоа.

Германците ретко студираат медицина бидејќи е многу скапа. Оние со завршено средно добро живеат, со минимум 1.500 евра, а ако го продолжат образованието можат да заработат и до 3.000 па и 4.000. Овде луѓето се занимаваат со други, попрофитабилни работи“, вели Стефан.

„Пациентот е на прво место и најважно е што поскоро да му се постави дијаг ноза за навремено да се почне со лекување. Се сеќавам на периодот кога не работеше единствениот магнет во клин ичко-болничкиот центар во Крагуевац, па ги праќаа сите бо лни приватно да ги направат снимките.

Ова не постои во Германија. Овде, кога закажуваме магнет за пациент, тој го добива снимањето најдоцна за два часа“, нагласува д-р Стефан Анѓелковиќ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.