(ВИДЕО) Ирена Спасовска реши да сподели на кој начин таа подготвува ајвар – и тоа дома во кујна

  • By admin
  • октомври 7, 2022
  • 0
  • 452 Views

Без сомнение е една од најдобрите македонската фолк пејачка, а тоа е Ирена Спасовска која долги години опстојува на сцената знае да ужива во секој ден од животот, а доказ за тоа се фотографиите и видеата на нејзините социјални мрежи.

Популарната Иренче на македонската музичка сцена е присутна повеќе од 30 години, нејзината кариера започнала уште од далечната 1989 година, па може да се каже дека Ирена има свое реноме во фолк-музиката.

Нејзините почетоци се заедно со Горан и Адријана Алачки. Триото кое редеше успеси во периодот од 1987 до 1994 годин додека постоеше.

Настапуваа на сите фестивали и манифестации во Македонија во тој период. Беа познати по песните: „Денес свадба се прави“, „Доста ми се твоите лаги“, „Ова е приказна стара“ во која триото го придружуваше и Ферус Мустафов.

– На 16 години веќе бев најмалиот учесник на Фолк-фест Валандово во 1988 година, го имавме заедничкиот настап со Адријана, и сето тоа со молскавична светлина некако се одвиваше, и мислам дека до 20 години веќе го прошетав цел свет.

Ирена и Адријана беа специфични по имиџот, за секој настап беа облечени во впечатлива креација. Потоа тројцата заминаа по својот пат, а Ирена ѝ се посвети на музичката кариера, но веќе извесно време добро ѝ оди и на социјалните мрежи.

-Во времето кога јас почнував се почнуваше со оние стари, македонски песни, но јас кога почнав на 14 години во тоа време беше срамно да се каже дека пееш народно, и почнав забавно и набргу видов дека забавното некако не ме влече, и почнав од 15 години да си снимам народни песни.

Ирена ужива да патува, а често посетува егзотични места за време на летото. На почетокот на летото Спасовска веќе беше на одмор.

Со оглед на тоа што е сезона на подготовка на зимниц, а кога станува збор за зимници, тука се мисли на неминовниот ајвар кој го направи и Ирена.

Пејачката за разлика од многумина, реши ајварот да го направи дома, во кујната и притоа на својот фејсбук профил го сподели ре цептот и начинот на кој го прави: Како изгледаше може да погледнете на видеото.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.