(ФОТО) Вучиќ објави фотка со Ковачевски во опуштено издание и порача: Како во студентските денови

  • By admin
  • октомври 6, 2022
  • 0
  • 324 Views

Лидерот на Српската напредна партија (СНС) и претседател на соседна Србија, Александар Вучиќ неодмна освои нова голема победа на претседателските и парламентарните избори.

Со ова Вучиќ уште еднаш ја доби довербата од своите граѓани да ги предводи во следниот период. Резултатите се показател на она што го сработи во изминатиот период.

Вучиќ при едно неодаменшно гостување во емисијата Хит-твит на Пинк ТВ на прашањето дали ја видел анкетата во Македонија, според која Србија се смета за најдобар пријател, одговори дека ја видел и оти се разбира дека Србија им е најдобар пријател на Македонците.

-Да, го видов тоа, и за политичарите и за земјите. Србија, с е разбира, им е најдобар пријател, рече Вучиќ.

На прашањето дали е изненаден од таквиот одговор на Македонците, српскиот претседателот одговори дека не е изненаден. -Не сум изненаден. Ние сме најголемите пријатели на Македонија. Кого поблизок имаат од Србија?

Ние сме единствените кои не им бараме промена на името, знамето, јазикот, ниту што било друго. Го сакаме македонскиот народ. Ништо не бараме од нив. Освен да бидеме во најдобри можни односи, да бидеме пријатели и браќа, кажа Вучиќ.

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски деновиве е во Прага од каде што порача:

Економијата и енергетиката беа во фокус на тркалезната маса во рамки на денешната прва средба на Европската политичка заедница во Прага.

Со лидерите на земјите учесници дискутиравме за неопходноста од заедничко стратешко делување за заедничките предизвици, а тоа се недостигот на енергенси и намалувањето на економскиот раст поради светските турбуленции и превирања.

Солидарност и взаемна соработка се клучни за обезбедување на енергенси во услови на енормен раст на цени на суровините и недостиг на електрична енергија.

Вечерва на својот инстаграм профил Александар Вучиќ објави заедничка фотографија со Димитар Ковачески во едно опуштено издание како седат на скали. Нашиот премиер држи филџан, веројатно со кафе, а Вучиќ шишенце вода и притоа напиша:

Со премиерот на Северна Македонија Димитар Ковачевски баш како во студентските денови, додека чекаме следен состанок.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.