Патување со авион само ако сте вакцинирани против вирусот – реномираната авиокомпанија со најава

  • By admin
  • март 21, 2021
  • 0
  • 1776 Views

Израел го има, ЕУ ќе го пушти во оптек во јуни, ако сѐ оди по план: пасошот за вакцинации, односно „дигитален зелен сертификат” треба да го олесни патувањето и секојдневието.

Европската комисија предложи воведување на Дигитален зелен сертификат за патување во земјите на ЕУ, познат како „ков ид пасош“, кој ќе содржи податоци дали лицето е вакцинирано против вирусот, дали стекнало имунитет по прележаната зараза или има негативен ПЦР тест.

– Функцијата на овој сертификат е да потврди дали лицето е вакцинирано, дали има негативен тест или дали закрепнува од Ковид-19 и има антитела, изјави пред новинарите претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен.

Поради целата ситуација и ограничувањата, најмногу осетија авио компаниите поради намалениот број патници, а со тоа и одржување на многу линии.

Сега пристига уште една најава за нова мерка при летање со авион.

Извршниот директор на австралиската авио-компанија „Квантас“, Алан Џонс изјави дека „многу влади ќе инсистираат“ да сите меѓународни патници бидат вакцинирани.

Во интервју за Би-Би-Си, Џојс кажа дека вакцинацијата е од суштинско значење за опоравување на авио индустријата, која минатата година забележела пат на патничкиот авио сообраќај од цели 75,6%.

Тој изразил уверување дека многу влади ќе постават услов патниците да бидат вакцинирани.

„Наша должност е да водиме грижа за патниците и екипажот, да можеме да потврдиме дека сите кои ќе бидат во авионот, ќе бидат безбедни“, рече Џонс.

Постојат и оние кои мислат дека тоа нема да биде добра идеја, вклучувајќи го и СЗО.

„Без оглед на тоа што некои во приватниот сектор тоа го сакаат, потребен е единствен пристап на сите влади за секаква промена да функционира“, изјави Бернардо Маријано.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.