(ФОТО) Весна Бејби објави фотка од себе како ептен мала – и тоа во каква друштво

  • By admin
  • септември 30, 2022
  • 0
  • 253 Views

Добро познато име, тоа е Весна Петрушевска, македонска ток-шоу водителка и глумица која е позната и под нејзиниот прекар „Бејби“, долги години опстојува на македонската сцена

Бејби стана најпозната по нејзиното ток-шоу „Вртелешка“ кое достигна голема популарност и се емитувало повеќе години на македонска телевизија.

Петрушевска ја започнала својата актерска кариера на 14 години, кога го имала првиот настап во македонскиот театар. На 16 години веќе го имала своето прво ток-шоу на МРТВ кое се викало „Пулсирање“.

Подоцна го започнала својот најуспешен ТВ-проект, ток-шоуто „Вртелешка“, коe се емитувало неколку години, а потоа следувало и краткотрајното ток-шоу „Вечер со Весна“.

Таа исто така глумеше во неколку претстави во различни македонски театри, меѓy која е и „Брачна игра“ заедно со Игор Џамбазов, која ја имаше својата премиера на 27 март 2016 година, во Македонскиот народен Театар.

Во ноември 2016 година била издадена првата книга на Весна Петрушевска, автобиографската книга „Трофеј“, од страна на издавачкиот центар „Три“. Промоцијата на книгата била одржана на 9 ноември 2016 во хотелот „Парк резиденс“ во Скопје

Весна Бејби секогаш знае да биде интересна за јавноста, а притоа таа е мошне активна и на социјалните мрежи.

Така беше и овојпат кога на својот профил на фејсбук сподели една фотографија од својата лична архива која е стара со децении.

Кога ќе ме прашаат зошто имам 5 кучиња, со тато – напиша Весна крај сликата и притоа додаде опис и кажа со кого е на сликата: Тато,Лора и Лили.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.