(ФОТО) Македонски министер правеше свадба – невестата со стајлинг од милион долари

  • By klaster3
  • септември 25, 2022
  • 0
  • 356 Views

Како што е добро познато периодов ширум државата се прават многу свадби и термините буквално се резервирани веќе од поодамна.

Скоро секој од нас месецов или изминативе неколку е на некоја свадбена веселба, а ова се должи на тоа што конечно мерките по две години поради вирусот веќе и ги нема.

Еден од оние кои решија да се оженат е и поранешниот градоначалник на Штип, а сега актуелен Министер за транспорт и врски Благој Бочварски

Основно и средно училиште завршил во Штип, а дипломирал на студиите по архитектура на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Членува во СДСМ од 2002 година, а во 2013 година бил избран за член на извршниот одбор на партијата.

Бочварски во периодот 2011–2016 работел како архитект во приватна градежна компанија, по што бил избран за пратеник на парламентарните избори во 2016 година како втор носител на список на СДСМ во третата изборна единица, каде партијата освоила девет мандати.

На партискиот конгрес во јуни 2017 година тој бил именуван за потпретседател на СДСМ и член на централниот одбор. На локалните избори во 2017 година, Бочварски остварил победа во вториот круг, а на 3 ноември го презел раководењето со Општина Штип. Од 31 август 2020 година е Министер за транспорт и врски.

Бочварски преку социјалните мрежи лани се пофали дека се венчаше, а среќната избраничка е Маринела Серафимова, а тој за овој убав момент напиша:

Вчерашниот ден за нас беше посебен со многу желби за среќа, убави и исполнети моменти во иднина.

Беше огромна честа црковното венчавање да го предводи неговото блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан со Митрополитите г. Иларион и г. Јаков во храмот Свети Никола во Штип.

Ќе биде наше огромно задоволство заедно со пријателите во септември да прославиме и да ги споделиме убавите моменти.

Вчеравечер беше денот кога министерот Бочварски правеше свадбена прослава на која беа присутни многу роднини, пријатели и колеги.

Прославата се одржа во Хотел Александар Палас во Скопје, а она што може да се забележи од споделените фотографии младенците изгледаа елегенатно, но скромно. Невестата во едноставен бел фустан кој одлично и стои.

Кога сме кај Маринела да кажеме дека таа е дипломирана докторка по општа медицина. А на свадбената свеченост како гости и беа и Министерот за земјоделие, Љупчо Николовски со својата сопруга кои споделија фотографија од младенците.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.