(ФОТО) Јанко Илковски објави слика од себе како ептен мал – го фати носталија за една своја многу сакана личност

  • By admin
  • септември 23, 2022
  • 0
  • 239 Views

Јанко Илковски или попознат како Јанко Јади Бурек на својот фејсбук профил сподели една стара фотографија од својата архива и притоа напиша:

Ова е дедо ми Тасе, сликано во мојот двор, некаде …1967-8 … кој ќе го знае. Имаше тежок живот до крај, но имаше барем сатисфакција да ги види своите три ќерки и синот, конечно спастрени, средени , омажени.

Сиромашен кондураџија, кој се женеше два пати и ги зак опа сите свои жени. Споменот на него бледее … како што сите ние полека стануваме проѕирни и за себе и за светот.

Неговото упокојување беше незаборавно и торжествено бидеејќи беше последниот чие те ло беше изложено среде црквата Свети Димитрија, потоа се донесе уредба покој ните да се изложуваат во кап елата на Градските гр обишта.

Каков чуден ден беше тоа, како некој далечен паралелен универзум, додека молитвено бде евме околу неговиот ков чег, сонцето од запад одеднаш се проби низ облаците и низ прозорот и настана една прекрасна игра на светлината само на неговото лице.

Ветерот, зраците, лисјата трепреаа и создаваа привид како некој да го милува неговото лице. Мајка ми стилно ми ја стисна рака, а јас среде црква викнав гласно – гледај Господ го гали дедо Тасе!

Редовно ми е на сон, стално го наоѓам во малата куќичка во Маџир Маало, ќути и ме гледа, овој мој локален скромен херој, кој неодоливо ме подсетуваш и натаму ме потсетува на Клинт Иствуд, заедно го гледавме и коментиравме Жак Кусто … и се прашувам оти и ден денес се насолзувам за него како за никој друг, зошто ми е сево ова?

Никој нема корист, ни јас ни тој, освен кога на помен свештеникот ќе го спомне неговото име.

Носталгијата е тежок пар азит кој гуши и да ви и троши непотребно животна енергија која можеш многу повеќе да ја насочиш кон своите најблиски, работата…Бога секако .. па ете лигуш бев и останав.

Јас сум сликан во количката која ми ја донесе татко ми кога се врати од службен пат од Виена. метална, на педали, ја иск ршив до распаѓање, но ова е толку далечно минато, како да не е мое, како да не сум јас, како да е некој друг живот.

Дворот е стариот, и ден денес го имам но е ради кално видоизменет и него постојано го сонувам, оваков, старата тесна мала куќичка наша која денес е плата наспроти она што беше … па сепак .. стално на сон се враќам во тоа време ..

Велат на сон скиташ и луташ само со една цел на потсвеста или душата – бараш дом и спокој … не знам зошто … сево го имам денес со многу повеќе радост, среќа, спокој и уживам додека трае оти ќе дојдат тешки денови, неминовно … па сепак се враќам таму на сон и дедо ми ме пречекува и ме гледа и не ми збори. А што да ми каже кога се знам и се ми е кажано Слава Тебе Господи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.