Турунџиева со порака од која се топи срце: Сакам да верувам дека таму, од другата страна не е се толку минливо

  • By klaster3
  • септември 23, 2022
  • 0
  • 309 Views

Сузана Турунџиева важи за пример на црвста личност која и покрај сите убави и лоши работи кои ги носи животот отсекогаш останала позитивна и со волја да продолжи напред.

По сите трагедии кои ѝ се случија во животот, по загубата на татка си, нејзиниот брат и на партнерот Марјан Јовановиќ со кого ја има ќерката Матеа, Турунџиева остана насмеана, по што е и препознатлива уште од почетоците на кариерата.

Сузана Турунџиева важи за една од најпознатите македонски поп-пејачки, писателки и телевизиски водителки.

Во едно интервју, таа откри дека се се случува со некаква причина, а солзите, насмевките, среќата и загубата се составен дел од многу човечки судбини, не само во нејзината.

– Јас смр тта на блиските ја почувствував уште многу млада кога го изгубив татко ми, потоа брат ми, на своите 36 години… За жал, животот не ме штедеше и немилосрдно ме тестираше колку можам да поднесам.

Моите деца беа дел од сите тие не мили состојби во кои немавме ниту време, ниту можност да се подготвиме, прилагодиме. Никому не му посакувам да се најде во ситуации како јас, ние, но ете, животот не те гали милува, немаш генерална проба за ништо…, раскажува Сузе и додава дека ќерките најважно е тие да ги знаат и применуваат основните човечки вредности.

Како и секоја мајка, ги учам на основните животни вредности. На тоа дека животот не е црвен килим послан со рози, туку дека некогаш тој е патека полна со трње, по која треба храбро да изодиш.

– Сите семејни траг едии морав сама да ги преминам. Да ги претворам во мостови. Тоа е мојата мисија – изјави таа во една прилика.

Сузе денес емотивно се отвори и посвети порака на нејзиниот прерано заминат сопруг Марјан по повод неговиот роденден.

„Денес ќе прославевме 48…Вообичаено на овој ден половина Скопје доаѓаше… Се пееше… Се пиеше, се јадеше, се наздравуваше…

Бол на и сур ова вистина е дека кога човек ќе по чине, се се заборава… Ги снемува пријателите, роднините, другарите… Со чест на малкумина, кои немаат кратко помнење…

Сакам да верувам дека таму, од другата страна не е се толку су рово, минливо… Сакам да верувам дека во Бескрајот нема толку разоч арување како тука…

Поч ивај во мир драг наш Марјан, сигурно денес околу тебе има полни софри и полни чаши“, емотивно сподели Сузе.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.