Др. Беќарковски отворено и директнот: Зошто се предадовме

  • By admin
  • март 20, 2021
  • 0
  • 1405 Views

Докторот Нико Беќаровски од клиниката за токсикологија попладнево повторно се огласи на својот профил на фејсбук каде напиша:

ЈАС ДА СИ КАЖАМ (14). Вчера бројката на поч инати европејци од вирусот, ја надмина магичната бројка од 1.000.000, со што се потврди дека Европа е најзасегната од оваа пандемија.

Дали белата раса е позасегната од вирусот, дали староста на населението, дали густината на населението и уште многу други ДАЛИ ќе се поставуваат, но факт е дека секој 600- ти европеец ја загуби битката со невидливиот ѕв ер.

За жал иако општествено сме многу, многу далеку од Европа и ЕУ, сепак географски сме и ние во големата европска ковид каша.
Од вчера започна да се полни со ковид пациенти и УК пластична и реконструктивна хирургија.

Инфективно, кожно, очно, ушно, ТБЦ, Трауматологија и сите интерни клиники веќе подолг период се ковид одделенија. Целиот клинички центар стана еден голем ковид стационар, кој полека но сигурно ги пополнува и последните слободни легла.

Секој ден поч инуваат дваесетина наши граѓани, сега засега во болниците, но прашање на денови кога смр тта ќе завладее по улиците. Секој 500-ти граѓанин на МКД не е повеќе меѓу нас како резултат на вирусот.

Замислете дека од картата на МК е збришана една цела Македонска Каменица, или еден Демир Хисар, или едно Пехчево или Македонски Брод итн.

Вакцини нема и уште долго масовна вакцинација ќе нема. А вирусот станува се позаразен, повеќе не разликува млад од стар. Колку тој станува поопасен, толку сме ние понеодговорни.

Во маркетите повеќе не се води сметка за растојание, број на муштерии, дезинфициенси, угостителските објекти се полни во затворениот дел, а празни во отворениот, за банките, автобусите, фабриките подобро да не спомнувам.

Зарем навистина имаме толку изразен нагон на самоун иштување. Ако владата решила по секоја цена да прави попис, ако градоначалниците трчаат да продадат уште некоја градежна маркица, зарем и НИЕ самите ДИГНАВМЕ РАЦЕ ОД СЕБЕ.

Нагонот за живот е еден од најаките човечки нагони, или тоа не важи за македонецот. Зошто се предадовме ?? Зошто со својата неодговорност, ги загр озуваме и одговорните ??

Каде исчезна солидарноста, почитта кон комшијата ?? Ако Вие сте уморни од придржување кон толку едноставни мерки, ние сме прет епани од безуспешни обиди за лечење на последиците од Вашата неодговорност.

ВО МАРТ 2021 ГОДИНА, НАЈВИСОК ЧИН НА ПАТРИОТИЗАМ Е ПРИДРЖУВАЊЕ КОН СИТЕ ПРОТОКОЛИ. Секој од нас може да биде херој, патриот, но и …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.