Драг Георге Атанасоски ти благодарам за поканата и укажана чест да бидам гостин на свадбата на твојот син кој се заветил и ти донел прекрасна снаа и уште поубава внука, мал ангел.
Сега конечно те запознав и тоа во најубаво светло. Не твоите бизниси, инвестиции, политичка и национална бо рба, големиот материјален успех и се е тоа ок и за мене далеку зад ова што си успеал да го изградиш – семејство … и тоа какво!
Но и твоите искрени пријатели кои навистина те сакаат и почитуваат, го видов вечерва тоа во живо.
Конечно секоја бор ба кога-тогаш ќе спласне, ќе избледат пријателите кои се потешко се распознаваат дали се искрени или лукративни и ќе избледат…ќе остане за навек само трагата на семејството, потомството, кои ќе го носат твојот ген.
Тоа е бо рба која не може да се изгуби, тоа е суштина која нема да исчезне, се земско ќе испари – останува само љубовта.
Писаниево, иако тебе ти го посветив и го пишувам со патос, но го пишувам заради себе, за сведоштво, за некогаш ако ме издадат сеќавањата, да знам со кого сум бил и што ме мотивирало да продолжувам, во една суптилна линија која тривијално пречесто и без соодветен пиетет го спомнуваме – љубовта. Само она, една, единствена, безвременска.
Ова беше прекрасна вечер, вечер за паметење за целата атмосфера но за мене пред се и заради колегите од Телевизија Сонце.
Дечки, да знаете никој не работел на толку многу телевизии и одлично знам какви знаат да бидат тешки меѓучовечките односи. Сите сме со доблести и маани, но и такви какви што сме, никогаш не сум сретнал толку добри луѓе како вас никаде.
Мило ми беше што ова вечер ја спoделивме заедно, ми ја разубавивте вечерта и мене и на Лидија Илковска, напиша популарниот Јанко Јади Бурек на својот фејсбук профил.
За потсетување тој моментално се емитува на Телевизија Сонце чиј газда е токму Џорџ Атанасоски.