Ѓорге Иванов: Мора да работиме на изградба на просперитетна, богата и силна Република Македонија

  • By admin
  • септември 8, 2022
  • 0
  • 280 Views

Екс македонскиот претседател Ѓорге Иванов утрово се огласи на својот профил на фејсбук каде што напиша:

Почитувaни сограѓани,На 8. Септември 1991 година го оствариме вековниот стремеж за слободна и независна македонска држава.

Гласајќи за независноста и сувереноста на Република Македонија им се оддолживме на нашите предци и се обврзавме кон нашите потомци.

Прогласувајќи независност, изменивме многу планови. Со тоа се изложивме на неизвесноста да бидеме исклучок од многу правила.

Слободата ја постигнавме, но правдата ни беше ускратувана. Патот до меѓународното признавање, беше, а и сѐ уште е исполнет со двојни стандарди, негирања и бл окади. Како држава и општество бевме, а и сега сме обе справени.

Но, мораме да се бо риме за правата што сами по себе ни следуваат – правото на самоопределување, човечко достоинство и просперитет.

Сплотени и единствени мора да продолжиме да работиме на изградба на просперитетна, богата и силна Република Македонија. Да градиме држава во која решенијата ќе се носат внимателно и мудро.

Одлуките донесени на овој историски референдум што ја дефинираше самостојноста и сувереноста на Република Македонија беа, и остануваат да бидат обврзувачки за секој еден од нас.

Нека ни е честит 8-ми Септември, Денот на независноста на Република Македонија!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.