Низ годините наназад Сања Гроздановска – Сани се етаблираше во една од најбараните и најобожавани пејачки помеѓу публиката.
Сани едноставно е поразлична по многу нешта, со единствена харизма и ореол, без влакна на јазикот, со неодолив шарм. Едноставно со Сани нема утка, забавата секогаш е загарантирана.
Таа низ годиниве што изминаа од талентирана девојка која излезе од едно од македонските музички натпреварувања, прерасна во најголемата млада македонска фолк ѕвезда.
Од настапи во клубови, ресторани, свадби, до концерти и фестивали како во Македонија така и надвор од неа, Сани едноставно нема застој кога станува збор за музиката.
Од големо значење за нејзината музичка кариера, но и за Сани воопшто е последната голема турнеја која се одржа во текот на месец јуни во далечната Австралија.
Секогаш расположена и со ведар дух Сани знае како треба да се однесува на сцена и пред публика, умешно и со глас и со танц знае да ги привлече сите погледи кон себе.
Сани по потекло е кумановка, од пред извесен период е преселена во Скопје, каде купила стан. Вели дека со на порна работа и јасна амбиција, се може да се постигне во животот.
„Започнав да заработувам сама, од музика уште на мои 16 години. Автомобилот, како и станот во кој живеам си ги купив сама. Преубаво е чувството кога не бараш ништо од никого, кога можеш да се потпреш на себе, на својот труд“, изјави во интервјуто за Фокус.мк и додаде:
Сакам на сите девојки да им порачам никогаш да не чекаат ништо од било кого, туку да бидат самостојни. Нема цена задоволството кога сам одлучуваш што ќе правиш со твоите пари, кога не зависиш од никого и кога не треба никому да се правдаш за своите одлуки“.
Згодната кумановка знае да биде многу забавна и кога е надвор од сцената, а за тоа дури и не мора лично да ја познавате.
Доволно да сте и пријател само на социјалните мрежи каде секојдневно објавува по нешто и од приватниот живот. Често знае со своите шеги да ги насмее фановите, но и да ги замисли со мудри статуси.
Овојпат на својот инстаграм профил сподели снимка од еден свој настап на кој што е облечена во црн фустан на кој до израз доаѓа големиот и длабок шлиц од кој буквално може здивот да ви застане.
Притоа Сани имаше и што да каже, па напиша: Кој ме сака ме сака, кој не нека се нервира.