Има луѓе кои едноставно или ги сакате или не, а тоа важи и за инфлуенсерката и водителка Јелена Спенџарска која изминатиов период буквално не се прибра дома. Цело лето е некаде на пат и изврте неколку европски земји.
Летото го користи максимално за да ужива на топлото сонце и разбрануваното море. Откако започна сезоната на одморите Спенџарска буквално не е застаната.
Откако еден период беше во Италија, Грција и Шведска, замина во една меѓу најскапите земји за летување – Хрватска. Според Јелена одморот во Хрватска и е на место број еден најубав одмор.
„Одморот тука е дефинитивно најдобриот и најубавиот одмор кој некогаш сум го имала!!! (Кога ќе ми текне колку се двоумев дали да дојдам и колку немав апсолутно никакви очекувања, лелее).
Овде се видов себе во светло кое го сакам засекогаш и по којзнае кој пат ми се докажа тврдењето дека средината во која живееш е мноооооооогу важна за твоето мен тално здравје, напиша во едно Инстаграм стори.
Секојдневно е активна на социјалните мрежи, па од она што го споделува нејзините фанови може да забележат дека водителката е презадоволна од нејзиниот начин на живот, тело и умстве на состојба.
Спенџарска уште повеќе знае да привлече внимание со нејзиниот модерен, но истовремено префинет стил, а неретко знае и да си поигра со смелите комбинации во повеќе бои.
Се чини одморот, плажите и морето за ова лето кога станува збор за Спенџарска се готови иако познавајќи ја нејзе не може со сигурност да тврдиме.
Сепак иако се врати во Македонија, деновиве е повторно со многу обврски, овојпат од друга природа.
Имено Спенџарска се сели во својот нов дом, поточо стан кој го опремува со инвентар и други потребни работи.
Па така денес и пристигна телевизорот за кој напиша: Погодете кој ми го качи телевизорот до 8ми, по што некој и напиша лифтот, на што Спенџарска врати:
Аха, важи. Лифтот ќе го пуштат во октомври. За во кафана сите ѕвонат, а некој да помогне за качување товар – сите имаат обврски, абе.