(ФОТО) Зоран Заев по подолг период во старо друштво со своите драги пријатели

  • By admin
  • септември 2, 2022
  • 0
  • 365 Views

Поранешниот премиер Зоран Заев денеска, во рамки на саемот „Винска визија на Отвоен Балкан” што се одржува во Белград, прими Голема плакета од Стопанската комора на Македонија како признание за особен придонес во креирањето и продолжувањето на регионалната иницијатива Отворен Балкан,

Чија цел е промоција и развој на регионот, преку имплементирање на четирите слободи – слобода за движење на луѓето, стоките, услугите и капиталот.

Плакетата е за личности кои најмногу придонеле за регионална бизнис интеграција, а Комората ја доделува по повод 100 години од формирањето.

Со оваа награда на Заев му се оддава длабока почит за креирањето на регионалната иницијатива Отворен Балкан.

– Благодарам на Стопанската комора за честа што ни ја укажа на лидерите од овие три земји за Иницијативата „Отворен Балкан”, бидејќи само заедно сплотени регионално, можеме да направиме многу повеќе за економиите на сите земји дел од процесот,

Да обезбедиме поголема економска соработка, повеќекратно зголемување на размената што ќе придонесе за побрз развој на регионот и благосостојба за граѓаните, изјави Заев.

Тој порача дека како бизнисмен ќе продолжи да ги подржува сите иницијативи во рамки на процесот Отворен Балкан бидејќи истите влијаат на развојот на бизнисите, приходите во буџетите на државите и со тоа влијаат на економската перспектива на регионот на западен Балкан.

Изрази и надеж дека и останатите земји од овие простори ќе се приклучат на Иницијативата за сите заедно да чекорат на зацртаниот пат кон Европската Унија.

Екс премиерот и порнашен прв човек на СДСМ денес во Србија беше во добро старо друштво по подолг период со Еди Рама и Александар Вучиќ и притоа напиша:

Во Палата Србија во Белград, на завршниот работен ручек на Самитот на Отворен Балкан, на покана на претседателот на Србија Александар Вучиќ, се сретнав со моите драги пријатели, лидерите на #ОтворенБалкан.

Меѓународниот саем за вино, храна и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“ и сите останати соработки кои се договараат и имплементираат во рамки на оваа иницијатива, се само доказ дека Северна Македонија, Србија и Албанија започнаа нова ера на соработка на Балканот, која ќе носи добробит за сите наши граѓани.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.