Германија и се е можно: Поради петелот Магда на соседите работата стигнала до голема

  • By admin
  • септември 1, 2022
  • 0
  • 440 Views

Ветената држава за многу иселеници, меѓу кои се и Македонеците е Германија каде што живеат и работат се повеќе странци а со тоа се мешаат и културите.

Еден доста не секојдневен пример ни пристига од оваа држава каде што германски брачен пар кој живее во Бад Салцуфлен, Германија, вели дека петелот на нивната сосетка по име Магда излегува од неговиот кокошарник секој ден во 8 часот наутро и кукурига цел ден.

Фридрих-Вилхелм Крајевски и неговата сопруга Јута велат дека нивните животи станале неподносливи.

„Не можеме да ја користиме градината, ниту да ги отвораме прозорците, тоа е неподносливо“, велат за Нв.де

На друг сосед му здодеала секојдневната врева и се отселил. Соседите се обиделе да ја убедат сопственичката да се ослободи од петелот, но не успеале. На крајот на краиштата, тие поднеле тужба, која што била отфрлена.

„Нема место за петелот во мирна населба“, изјави нивниот адвокат Торстен Гисеке.

Наводно, петелот испуштал бучава до 80 децибели, што, како што велат, е еднакво на бучава од прометна улица. Но, сопственичката не сака да се ослободи од него.

Вели дека му треба бидејќи во спротивно неговите кокошки меѓусебно би се искубале.

Ова не е прв случај некој да се жали на бучава на петел. На суд поради неговото гласно кукуригање заврши и петелот Морис од Франција, а по тој случај Франција со закон го заштити „чувствителното наследство на неговото село“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.