Македонците годинава масовно летале кон два европски града во една држава, но тоа не е Германија

  • By admin
  • август 28, 2022
  • 0
  • 354 Views

Се поголем број Македонци го користат авионскиот превоз за патувања од и до Македонија за што сведочат и последните бројки.

Скопскиот аеродром опслужил 260.095 патници низ вратите во јули, што претставува зголемување од 7,6% во однос на истиот месец за време на предпандемијата 2019 година.

Силното враќање на бројките беше поттикнато од Визер, кој ја обнови целата своја мрежа од и до Скопје, а секако тука влија и зголемен број на чартер летови.

Во периодот јануари – јули, главниот аеродром во Македонија опслужил 1.122.574 патници, што е бројка која што е сè уште помалку за 13,7 отсто во однос на нивото пред вир усот.

Бројот на патници на голем број одбрани линии надвор од Скопје во текот на првиот квартал од годината се јавно објавени, покажувајќи ги Истанбул, Базел и Цирих како најпрометни.

Треба да се земе предвид дека во првиот квартал во поголемиот дел од Европа сè уште важеа строги огра ничувања за патување, како и забрана за влез од Македонија на некои пазари.

Како резултат на тоа, поголемиот дел од маршрутите сè уште работеа под нивото пред панд емијата, меѓутоа, имаше некои исклучоци.

Тука спаѓаат Истанбул Сабиха Гокчен, Базел, Дортмунд, Хамбург и Берлин кои беа над нивоата пред виру сот.

Што се однесува на најголем број патници кои летале од и до Македонија тоа е релацијата до Базел, Швајцарија во број од 27.601 патник како и Цирих 22.913 патник.

Тука помеѓу двата града во Швајцарија се двата најголеми турски аеродроми во Истанбул, 25.885 на главниот и 25.680 на Сабиха Гокчен, пренесува Екс ју авиатион.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.