Приказната на Јулa Вријевиќ е многу специфична. Таа е родена како здраво дете и до својата 10-та година гледала нормално, но потоа постепено, но многу брзо го изгубила видот.
И било дијагностицирано ретинитис пигментоза. Тоа е наследна, дегенеративна, очна бо лест која предизвикува сериозно оште тување на видот.
Кога целосно го изгубила видот, Јулка дошла во Земун и отишла во училиштето за ученици со ошт етен вид „Вељко Рамадановиќ“. Таму завршила основно и средно училиште.
– Убаво беше на училиште. Имавме неколку занимања: телефонски оператори,пакувачи и слично. Кога завршив средно, веднаш се вработив овде во Крагуевац во водовод и работев таму додека не се пензионирав – изјави Јулка за порталот ,,Нај жена”
Јула работи се по дома, како што вели, мајка и не ја поштедила кога го изгубила видот и благодарение на неа денес е вредна жена способна сама да ги прави повеќето работи.
– Мајка ми никогаш не ме штедеше, без разлика што не гледам. Сега нормално работам се и готвам, перам, пеглам, читам и гуглам на интернет и се што прави секоја нормална жена. Кога одам во маало на кафе, не ме доживуваат како да не можам да ги видам.
Баба Јулка никогаш не можела да го совлада самостојното одење со бел стап низ градот. Ова и е единствената пречка во животот, но за среќа има помош од снаата и синот.
– Не сум самостојна во движењето, па секогаш одам со другарка или со роднини или деца и така завршувам некој обврски или шетам по градот.
Нормално се омажила и основала семејство. Таа го родила синот Иван кој нема проблеми со видот. Како што вели, добила многу небулозни прашања, а едно од нив е како се породила бидејќи е слепа.
– Кога се породив имав помош од моите роднини, снаа и пријатели. Сите дојдоа и ми помогнаа. После еден месец, мојата покојна свекрва ме научи како да го бањам бебето, како да ја ставам пелената под него и потоа да внимавам да не му влезе вода во очите. Подоцна го повивав и го нахранив.
Јуки е многу социјално активна. Добитник е и на бројни награди за готвење, флрање топка во далечина, за најдовра готвачка. А со помош на нејзината снаа е и позната на социјалната мрежа ,,Тикток”