Новинарката Клинчарова: Да имаш парче земја, а да не си насадиш мала градина, стварно ми е несфатливо

  • By admin
  • август 23, 2022
  • 0
  • 331 Views

Секојдневно сме сведоци на се поголем број поскапување на основните намирниците за живот што се должи на инфлацијата.

Исто така како поради недостиг на работници, но и од други причини се забележува и недостиг на земјоделски продукти иако тоа барем во моментво во нашата држава засега е незабележително.

Но со оглед на тоа што постарите земјоделци незадоволни од цените и исплатливоста се откажуваат од земјоделие, а помладите воопшто немат интерес се наметнува прашањето кој ќе ја обработува македонската земја.

Сведоци сме на се поголем број ниви кои стојат така, не обработени и не посејани, а овој тренд како што стојат работите и понатаму ќе продолжи.

Овошјето и зеленчукот сепак се застапени во македонската кујна и се присутни во секое семејство, а голем дел од луѓето веќе одгледуваат само за свои потреби, без намера да ги пласираат на пазарот.

Познатата македонска новинарка Вики Клинчарова која во моментов работ за Фокус на својот профил на фејсбук сподели фотографија со статус во кој вели:

Да имаш парче земја, било двор или имот надвор од градот, на оваа наша супер клима, а да не си насадиш мала градина, стварно ми е несфатливо.

Какво семе и да фрлиш, ќе се зафати, плус домашно, непрскано. И ќе ми речат, ау што се мач иш вака без врска.

Абе какво мачење, радост ми е секоја берба на плодови кои сум си ги засадила, напиша Вики и притоа собра бројни реакции во вид на допаѓања и коментари.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.