(ФОТО) Перо Антиќ и Катарина Ивановска уште еднаш покажаа колку се заљубени

  • By admin
  • август 21, 2022
  • 0
  • 372 Views

Без сомнение Перо Антиќ важи за еден од најдобрите спортисти во историјата на Македонија. Човек кој што ја направи една од најдобрите и најуспешни интернационални кариера кога станува збор за Македонците.

Антиќ според многумина без сомнение тоја е најдобриот македонски кошаркар во историја, а има и со што да се пофали богами.

Перо беше и се уште е првиот роден Македонец кој заигра во НБА лигата, а притоа е трикратен освојувач на Евролигата.

Беше предводник на националниот тим при најголемиот успех на ЕП во Литанија кога „црвено-жолтите“ беа на чекор до медал, но на крај останаа четвртопласирани.

Како што е познато Перо Антиќ во моментов ја извршува функцијата претседател на кошаркарската федерација на Македонија.

Освен што враќањето во Македонија му донесе нова функција и нови предизвици, тој реши да сврте и нов лист на љубовен план.

Со веќе поранешната сопруга Ружица како што е познато Перо има три сина со кои минува доста време за што објавува и на социјалните мрежи.

Но екс сопругата веќе е мината, а тој е во љубовна романса со моделот Катарина Ивановска која исто така зад себе има брак и деца.

Антиќ за прват ја призна својата врска со Катарина кај јутјуберот Лазарво, Антиќ иако со кратки одговори, сепак обелодени дел од својата приватност.

На прашањето која според него е најзгодна од трите дами, Лила Филиповска, Маријана Стојановска или Катарина Ивановска, тој веднаш одговори дека Катарина е најзгодната.

Во продолжение Лазаров го праша како им започнала врската на што Перо даде краток одговор: „Романтично, како познати претходно се знаевеме, здраво, здраво“ изјави Антиќ и кажа дека за приватниот живот не сака да зборува.

Манекенката Катарина Ивановска исто така неодамна во интервју за „Бекстејџ“, конечно откри во какви односи е со Перо Антиќ. Имено, на прашањето дали се во врска, манекенката одговара потврдно и потенцира дека се заедно.

Двојката веќе не се сокрива и често може заедно да се видат во јавноста. Доста и патуваат заедно од Македонија како што беше тенискиот турнир во Белград, одморот во Бодрум и слично.

Се почесто како Перо, така и Катарина започнаа да споделуваат заедничи фотографии на социјалните мрежи што беше случај и деновиве. Од истата се гледа колку многу се заљубени и двајцата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.