(ФОТО) Македонската фолкерка убаво се офајди – здипли цело купче пари

  • By klaster3
  • август 14, 2022
  • 0
  • 346 Views

Елена Велевска е една од нашите најпознати и најквалитетни фолк изведувачи, која има завидна кариера повеќе од 25 години кариера. Велевска стана вистински бренд на нашата естрада.

Кога станува збор за Велевска е познато дека што и да облече го носи со стил, па за неа важи дека е една од дамите на домашната сцена која што секогаш внимава на својот изглед и имиџ.

Променета во брендирани парчиња, секогаш со средена коса, шминка соодветна на приликата во која се наоѓа и со сетоа го привлекува вниманието на јавноста.

Прв избор е за семејни веселби и слични манифестации а често патува во дијаспората каде што ги полни клубовите и арените.

Иако сега зема многу поголем хонорар и како што вели е скапа пејачка, Велевска својата пејачка кариера ја започнала во кафана и не се срами од тоа.

– Инаку јас сум започнала во кафеана и не се срамам да настапувам. Јас ги бирам местата каде ќе настапувам, а мојата цена ги ограничува местата каде да можам да пеам а каде не. Јас сум скапа пејачка, изјави Велевска.

Нејзинот прв хонорар изнесувал само 400 денари, во едно прилепско место каде што пеела заедно со прилепска група кои ја поканиле, но веднаш после тој викенд откако го слушнале нејзиниот талент газдата сам ја поканил за хонорар од 800 денари.

– Јас мислам дека тоа што можев најмногу да го достигнам како естраден уметник во Македонија и го достигнав повеќе од тоа и не може да се достигне во нашите услови.

Сакам да си се држам до стандардот на ѕвезда, на естраден уметник кој е професионалец во тоа што го работи. Би сакала да го проширам пазарот да не ми е само во Македонија иако во Македонија можеби и најдобро се заработува, вели Елена во интервју за Магазин.

– Јас би сакала да поскапат цените на моите услуги. Се наоѓавме долго време во еден тежок период каде што многу е тешко сега да се форсира на повисоки стандарди кога угоститеелите беа засегнати од целата ситуација, а нашиот однос е меѓусебен.

Се надевам дека кога ќе дојде вистинско време за покревање на услугите ќе си покаже самиот живот, изјави пејачката во една прилика при интервју за Бекстејџ.

Велевска е често активна на социјалните мрежи каде споделува моменти од настапите, но и од приватниот семеен живот. Викендов Велевска имаше настап во градот Кочани, па дел од присутните нормално, ја споделија на Инстаграм приказни.

На една од снимките Велевска ја пее популарната песна „Није ветар, није киша“, а во раката покрај микрофонот се забележува дека држи купче пари од бакшиш.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.