(ФОТО) Ќерката на Сергеј Самсоненко прерасна во вистинска убавица која шета и ужива ширум светот

  • By admin
  • август 14, 2022
  • 0
  • 355 Views

Рускиот бизнисмен чие богатство се проценува во милиони, Сергеј Самсоненко стана еден од најзпонатите личности во нашата држава, пред сè благодарение на вложувањето во спортските клубови под брендот Вардар.

Самсоненко во нашата држава основа или пак купи низа компании и ја рашири својата палета на бизниси.

Во 2013 година Самсоненко стана сопственик на ракометните клубови Вардар и со тоа го почна походот на македонското спортско царство. Со неговата финансиска м оќ, изградена е грандиозната сала „Јане Сандански“, во која има и спа-центар, базени, болница и хотел со четири ѕвезди.

Но тој во последните години комплетно крена раце од Вардар, прво го остави женскиот клуб, пото и машкиот ракометен клуб, а неодамна и фудбалскиот клуб.

Сепак тој и понатаму има бизниси во нашата држава и поминува доста време во Македонија. Тој во минатото во неколку интервјуа потенцираше дека и тоа како му се допаѓа нашата држава и затоа решил да живее тука.

Самсоненко не сакаше многу да го експонира своето семејство во јавноста и малку се знае за тоа.

Ќерката на Сергеј Самсонеко за првпат пошироката јавност ја започна кога заедно гостуваа во емисијата „Еден на еден“ каде што заедно запееаа.

Ќерката на Сергеј Самсоненко, младата Маша сними песна на македонски јазик со наслов „Дали ти ќе дознаеш“, на која како автор на музиката се потпишува Панче Касапски, текстот е Огнен Неделковски, а аранжманот и миксот ги изработил Лазар Цветковски.

Маша во меѓувреме реши своето образование да го продолжи во странство, а притоа од нејзиниот профил на инстаграм може да се забележи дека израсна во вистинска убавица.

Притоа објавуа слики од кои се гледа дека и тоа како шета, Италија, Шпанија, Хрватска, Дубаи, Франција, Холандија, Грција и други дестинации.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.