За Дунавка Трифуновска важи дека е една од најпознатите македонски мисиц која кога и да се појави во јавноста секогаш знае да привлече внимание.
Во изминатиот период доста актуелна беше околу нејзината венчавка и љубов со веќе екс претседател на Советот за унапредување и надзор на ревизијата се во брак, Ване Цветанов.
Цветанов е разрешен по информациите за ангажирањето на сопругата во оваа институција. Тој ја ангажирал сопствената жена, манекенката Дунавка Трифуновска да му помага во работењето.
Ване и Дунавка се привлечни за медиумите и публиката која како и за многу други познати јавни личности, сака да дознае нешто повеќе, пред се од приватниот живот.
Двајцата често на социјалните мрежи ја искажуваат својата љубов преку објави во вид на статуси и фотографии, а и често заедно патуваат.
По одлуката за разрешување Цветанов не се огласуваше во јавноста се додека преку својот фејсбук профил не сподели фотка со својата сакана Дунавка и напиша:Се за љубовта, па макар било и разрешување од државна функција.
Во емисијата Нешто конкретно на Телма ТВ, Дунавка даде совет како јавните личности и покрај не гативните коментари од околината и од луѓето да го зачуваат бракот или врската.
– Секогаш кога сакате да ја живеете вистинската љубов мора за тоа да се избор ите. Љубовта ако е од срце, ако е емотивна тогаш ке имате мир, ако имате мир со себе и со својот партнер тоа е основа за градење на се понаатму, објаснува таа.
– Пред брак сум имала милион удварачи и сум најозборуваната мисица, но ќе ви кажам која е тајната на Ване за да ме освои.
Ване кога сака да те освои он го знае точно што да направи без да те праша. И прстенот кога ми го даде во авион тој знаеше дека сакам тоа лето.
Летово Дунавка голем дел помина во Хрватска на море од каде што често преку своите профил на инстаграм и фејсбук споделуваше фотографии.
Но деновиве Дунавка реши да завиори длабоко во својата архива и објави фотографија од далечната 1995 година.
На истата позира во костим за капење со својот брат кој сега е доктор, а локацијата е Кушадаси, Турција. Од истата може да се забележи дека Дунавка била згодна и убава уште како мала.