Една од најпознатите македонски поп-пејачки, писателки и телевизиски водителки Сузана Турунџиева често знае да привлече внимание на јавноста.
Сузе е родена во Битола, на 9 март 1969, како второ дете во семејство на просветни работници. Уште од шест годишна возраст го изучува пијаното, а на дванаесет години сама, без знаење на своите родители, со своите заштедени пари си купува гитара, на која сама почнува да учи да свири.
Во 1984 година се запишува во Средното музичко училиште во Битола, на отсекот по соло пеење во класата на професор Пеце Митревски.
Во текот на четирите години освојува вредни награди на републичките и сојузните натпревари по соло пеење, како: прва награда на републичкиот натпревар по соло пеење во Скопје, во 1985 година, како и прва награда на сојузниот натпревар во Белград по соло пеење, во текот на истата година.
Во 1991 година, после дипломирањето на Ф М У, заминува во Австралија, на покана од К У Д „Александро Турунџев“ од Мелбурн. Покрај неколкуте успешни концерти низ Викторија, во ноември истата година учествува и на еден натпревар за пеење.
Во периодот кој следува, активно се занимава и со естрадно пеење, каде покрај класичната, мошне успешно се испробува и во поп, џез, блуз, кабаретската и евергрин музиката. Паралелно со професорската дејност, Сузана Турунџиева работи и како хонорарец во Македонската радио телевизија.
Таа е позната по својата харизма и добрина, а во последно време е доста активна и на социјалните мрежи каде секојдневно објавува по нешто.
Сузе животот многу не ја милуваше. Таа загуби неколку сакани и блиски личности, меѓу кои нејзинито сопруг Маријан и брат и Панде, меѓутоа нејзината добрина и волја да го продолжи животот со крената глава не ја напуштија.
Позната е по нејзините мудри совети коишто ги упатува кон сите оние кои ја следат на социјалните мрежи, па така и овојпат реши да им посвети порака на сите жени кои се соочуваат со некаков проблем во животот:
„Ако чувствуваш дека некаде не си среќна, не си доволно почитувана, не го вреднуваат твојот труд, професионалност и квалификации,
ако таму кај што си не го забележуваат или го игнорираат твојот потенцијал, ако во врската (бракот) чувствуваш дека не си задоволна, исполнета и сакана, сети се дека не си дрво, помрдни се…и направи чекор, два, пет!
Направи промена, отпатувај, прошетај, помести се од мр тва точка, затоа што животот ти дава многу можности за промена, само твое е да донесеш одлука! Животот е непрестана промена, не пл аши се да ја напуштиш комфорната зона!“, напиша Сузе.