Македонците во Австралија и САД ќе дочекаат – конечно пристигаат едни од најдобрите наши пејачи

  • By admin
  • август 12, 2022
  • 0
  • 353 Views

Веќе добро познато е дека македонската дијаспора е голема ширум светот, а кога станува збор за преку океанот тоа најмногу се мисли за Австралија и САД.

Американските Македонци се Американци со македонско етничко потекло. Нивниот број според последниот попис на населението брои околу 61.332, но според неофицијални проценки оваа бројка достигнува и до 200.000.

Јазикот на кој зборуваат Македонците во САД е во најголем број македонски и англиски и припаѓаат на православната вера.

Од друга страна Македонци во Австралија или Австралиски Македонци — едно од поголемите етнички малцинства во државата со над 100.000 припадници. Според ОМД во Австралија има околу 200.000 Македонци.

Откако мерките поради вирусот се тргнаа и патувањата се вратија во нормала многу наши музичари започнаа или најавија турнее и настапи токму на овие два континента.

Во следниот период Македонците во САД и Австралија ќе имаат можност да се дружат и забавуаат со едни од најдобрите македонски музичари, поточно пејачи.

Бендот Некс Тајм кој стана препознатлив во последно време со преработка на стари македонски патриотски песни пред некој ден објави дека заминува на турнеја преку океанот.

Имено тие преку својата фејсбук страница објавија дека следната, 2023 година ќе одржат турнеја во Австралија.

Вечерва пак Влатко Лозаноски Лозано преку својот профил на фејсбук најави дека следниот месец заминува за САД.

Друштво, овој септември, се гледаме во САД и се радувам на мојата прва америчка турнеја. Наскоро датумите и целосната агенда.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.