(ФОТО) Пејачката Ирена откако виде што има во лебот кој го купи се налути: Сами сме си криви, од денеска ќе месам

  • By klaster3
  • август 8, 2022
  • 0
  • 440 Views

Несомнено е дека Македонија може гордо да се пофали со бројните фолк-пејачки кои освен со бисерното грло се издвојуваат и по атрак тивниот изглед.

Кога станува збор и за одлично пеење, но и за фигура достојна за завидување, тогаш секако мислиме на фолкерката Ирена Вељовска. Добро познато лице и е на јавноста и од емисијата Мерак меана.

Иако Ирена на себе има направено неколку корекции, сепак мора да признаеме дека е вистинска убавица. Настапува во ресторани, но и на семејни прослави како кај нас така и во дијаспората.

Пред извесно време реши да го коригира она што не и се допаѓа кај нејзе. Направи корекција на носот во Истанбул за што кажа дека најважно е што се чувствува прекрасно без разлика на цената.

– Одамна размислував да направам промена на мојот изглед, но секогаш одложував. Верував и се уште верувам дека убавината не е мерило за успех, бидејќи јас си се гледав себеси како убава жена.

Но, беше битен друг момент. Почнав да се плашам од староста, јас не сакам да остарам, сакам да сум млада а не сакам ниту духот да ми остари. Таа корекција не ми го смени карактерот.

Се уште сум на истото ниво и во љубовниот живот и во кариерата. Но, љубовта кон себе прво ја буди внатрешната а потоа и надворешната убавина. Изгледот е огледало на душата а јас се чувствувам совршено во својата кожа, вели Ирена за Канал77.

Освен тоа, неодамна сподели дека станала вегетаријанка. Благодарение на нејзината пријателка, нутриционистката Клаудија Адеми, таа престанала да јаде месо, почнала строго да внимава што јаде и редовно да вежба.

Ирена стана и попопуларна на Тик-Ток откако со своите музички имитации на познати ѕвезди и нивните хитови или имитациите на познати фрази и дијалози од разни ТВ серии умееше да ги сподели со своите следбеници.

Пејачката покажа завидна актерска уменшост, оставајќи впечаток дека не е надарена само за пеење, туку и за друг вид уметност.

Пејачката е доста активна и на другите социјални мрежи каде често споделува делови од настапите но и од приватниот живот. Овојпат Ирена со своите фанови сподели купен леб поради кој им се пож али.

Имено, од лебот излегувал црв, па Ирена изре волтирана напиша: Сами сме си криви, од денеска ќе месам леб. А толку ми се јадеше леб со мед.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.