(ФОТО) Македонците во Австралија иако далеку од дома го прославија Илинден

  • By klaster3
  • август 3, 2022
  • 0
  • 365 Views

Празникот Илинден има посебно значење за Македонците бидејќи се слави и како верски и како национален празник, Ден на Републиката.

Годинава, на 2 Август се одбележаа сто и деветнаесет години од Крушевската Република и 78 години од Првото заседание на АСНОМ.

Со Илинденското вост ание и Крушевската република во 1903, а потоа и на вториот Илинден – Првото заседание на АСНОМ во 1944 година, беа поставени столбовите на Републиката и на државноста.

По повод празникот во Македонија се одржаа бројни чествувања. Премиерот Димитар Ковачевски ја предводеше Владината делегација во Крушево, додека шефот на државата Стево Пендаровски одржа говор во вилата на Водно и постх умно ги одликува Крсте Црвенковски и Невена Георгиева -Дуња.

Освен тоа, по осумнаесет годишна пауза државно-црковна делегација, на Илинден, го посети Прохор Пчински, манастирот каде на 2 август 1944 се одржа првото заседание на АСНОМ.

Но, покрај Македонците во земјава, и дијаспората го славеше Илинден. Имено, во далечната Австралија, македонската дијаспора одржа церемонија за положување на венци.

Од македонскиот културен центар „Илинден“ во австралискиот град Перт неодамна на социјалните мрежи ги поканија Македонците таму да присуствуваат во што поголем број на свеченоста организирана од нивна страна.

Во присуство на свештено лице, мноштво Македонци – стари и млади, се положуваа венци пред статуата на Никола Карев. По завршувањето, од клубот повторно се огласија на Фејсбук:

„Илинден 2022 Положување венци во клуб „Илинден“ Посебна благодарност до сите што присуствуваа и се приклучија на церемониите за положување венци во клубот Илинден..

Беше прекрасно да се видат млади и стари како ги одржуваат нашите традиции и го слават нашиот најважен национален ден.Браво за сите луѓе што дојдоа со мали деца !!!!

Се надеваме дека сите уживаа во настанот и вкусните погача, мезе и слатки. Ви благодарам дами за на порната работа!! Да живее Македонија!!Најдобри желби до сите“, се обратија од клубот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.